Во рамките на Кампања за подигнување на свеста за различностите, нивното прифаќање, почитување и инклузија на лицата со атипичен развој, Мијата (Наташа Крстевска), Космонаутко (Денис Јанкулосвки), и сите славејчиња, го објавија видеото за композицијата „Гуш и бац“ или јазикот на Ерато, на текст и музика од Весна Малинова.
Аранжманот е на Бојан Димитровски, а е во продукција на Наташа Мијат Крстевска.
„Благодарност до Бобан Јосифовски и „Златно славејче“ за прифаќањето, почитувањето и инклузијата на децата со атипичен развој и можноста на сцената да пееме, играме и растеме ЗАЕДНО и до Даниел Попадиновски за прекрасните фотографии користени во видеото. Благодарност и до нашите пријатели „Хит Радовиш“ и Кинотека на Македонија. Голем гуш и бац до Moonlight TV & Film Production кои го создадоа ова прекрасно видео. Најголемото Благодарам за Ерато Кардула“, стои во најавата од видеото.
„Како да опишеш накратко радост, среќа, убавина 200 тони пред вас е видео спотот за убавината наречена „Гуш и Бац“ кој е комбинација од снимањето во студио Алшар и настапот на Златно Славејче.
Голема благодарност за оваа видео убавина до моите прекрасните другари и одлични професионалци Moonlight TV & Film Production за професионалноста но пред сè за хуманоста и другарството.
Од денес „Гуш и Бац“ е поблиску до вас и до вашите срца. Слушајте ја, пејте ја, верувам дека ќе се пронајдете во преубавиот текст, споделувајте ја првенствено за пораката, односно пораките кои ги носи оваа песна, прифаќањето, почитувањето, другарувањето, заедништвото. Преку оваа песна покажете дека и вие сте љубов и тоа не е никакво чудо, покажете дека сте верен другар и сите ЗАЕДНО сме Гуш и Бац.
И секако дојдете на 7-ми во Кинотека во 16 часот каде ќе пееме заедно како едно. Гуш и бац“, наведува во објавата на Фејсбук Денис Јанкуловски.
Во 2017 година беше промовирана книгата „Гуш и Бац“, во која се содржани зборовите на Ерато Кардула кои се преведени на 19 јазици и илустрирани од 33 креативни луѓе. Изложбата беше одржана еден ден пред одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со попреченост во Чифте Амам, во Старата скопска чаршија.
Авторот на проектот таткото на Ерато, уметникот Зоран Кардула, во 2020 година по повод тригодишнината од издавањето на книгата, за Фронтлајн рече дека „Гуш и Бац“ не е само книга, туку цел проект со цел да се подигне свеста за постоењето на аутизмот како и негово прифаќање.
Ј. Ѓ.
Прочитајте и…
Јазикот на Ерато е љубов и после три години од промоцијата на „Гуш и Бац“