ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Хрватска усвои пакет за поддршка на економијата во вредност од 3,9 милијарди евра

Пакетот содржи 63 мерки насочени кон зачувување на работни места и плати, јави Хина. Овие мерки ќе им овозможат на претприемачите и граѓаните погодени од коронавирусот да го одложат плаќањето на јавните давачки, како што се даноците на приход и добивка, и придонесите

March 20, 2020 11:01
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Хрватскиот Парламент прифати владин пакет мерки во вредност од 30 милијарди куни (3,9 милијарди евра) за да и помогне на економијата погодена од епидемијата на коронавирус.

Пакетот содржи 63 мерки насочени кон зачувување на работни места и плати, јави Хина. Овие мерки ќе им овозможат на претприемачите и граѓаните погодени од коронавирусот да го одложат плаќањето на јавните давачки, како што се даноците на приход и добивка, и придонесите.

Плаќањата ќе бидат одложени на три месеци, со можност за продолжување на уште три. Потоа, ќе биде овозможена отплата на тие долгови, на рати на 24 месеци без камата.

Државата ќе даде заем без камати на локалните единици на хрватскиот Институт за здравствено осигурување и Хрватскиот пензиски фонд до висина на износот што го изгубиле.

Се одложи плаќањето на туристичка членарина за деловните субјекти и приватни изнајмувачи, како и плаќањата на туристичката такса за приватни изнајмувачи.

Хрватското Министерство за транспорт привремено ќе ја запре наплатата на надоместоци за дозволи за вонреден превоз до 1 јуни 2020 година, како и привремено одложување на сезонскиот пораст на патарини од 10 проценти за возилата ИА, Група I и Група II од 15 јуни до 15 септември . Исто така, ќе биде продолжен сезонскиот „зимски“ попуст на ЕНЦ (кој истекува на 31 март) до 1 јуни.

Државата, во секторите погодени од епидемија, ќе го поддржи задржувањето на работата така што, во висина од минималната плата, ќе му помогнат на секој вработен кој би останал без работата. Мерките за самовработување и вработување се привремено прекинати и тие средства се прераспоредуваат за да се задржи постојното вработување. 

Next Post

Димовски од ССМ: Доколку дојде до потешкотии во работењето на фирмата, работниците одат на принуден одмор и земаат 70% од платата

Shortcut

Најново

Мартин Тасевски

Пет празници ви се многу?

October 7, 2026

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Отсуство на чувството за време

October 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk