Во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ заедно со вицепремиерката Царовска гостуваше и Дарко Димовски, претседател на ССМ.
Како што изјави Димовски – должност како ССМ е да се штитат работничките права.
-Како што рече и Царовска, ѝм предочуваме дека можат да земат платени одмори итн… Затоа апелирам да се прочита законот за работни односи – доколку дојде до потешкотии во работењето на тоа претпријатие или фирма, работниците одат на принуден одмор и земаат 70% од платата. Со вицепремиерката и Стопанските комори сме во постојана комуникација. Сакаме да се консолидираат работите и најбитно е луѓето да не останат без работа. Со полна уста велам – ДА, државата треба да се задолжи за да се помогне на граѓаните и фирмите, изјави Димoвски.