Институтот за медиуми и аналитика ИМА организира панел – дискусија на тема: „Дискриминацијата и говорот на омраза во медиумите и јавната комуникација“, која ќе се одржи на 18 декември 2024 година (среда) во хотелот Лимак во Скопје, со почеток во 12 часот.
Панелисти се Лимко Бејзароски – претседател на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Билјана Георгиевска – извршна директорка на СЕММ, Славица Анастасовска – Хелсиншки комитет за човекови права и Сара Миленковска – Коалиција Маргини, кои ќе ги претстават нивните наоди и анализи на оваа тема.
По излагањата на панелистите, предвидена е и дискусија со учесниците и присутните на настанот.