ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Доделени наградите за најуспешни спортисти и тренери на Град Скопје за 2024 година

December 23, 2024 14:29
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА, СПОРТ

На денешната свечена церемонија во големата сала на Советот на Град Скопје, официјално беа доделени наградите за најуспешните спортистки, спортисти и тренери на Град Скопје за 2024 година. Mанифестација e организирана од Сојузот на Спортови на Скопје под покровителство на Град Скопје.

Во категоријата Најуспешни спортисти во младинска категорија, за најуспешен беше прогласен Силвио Мировски (Кик Бокс), второто место му припадна на каратистот Стефан Стојановиќ додека третата награда ја освои Витомир Трајковски. Листата од десет најуспешни ја комплетираат пливачот Никола Ѓуретановиќ, каратистот Данило Божовиќ (Карате), Максим Митровски (Кик Бокс), Ива Богдановска (Џудо), Петар Дамјаноски (Мечување), Огнен Бундалески (Мечување) и Јосиф Малински (Триатлон)

Во сениорска категорија, првата награда му припадна на Бобан Илиоски (Кик Бокс), втор најуспешен е атлетичарот Дарио Ивановски, додека трет е шахистот Тони Лазов.  Листата од десет најуспешни ја комплетираат Милијана Рељиќ (Таеквондо), Михаела Мишовска (Карате), Андреас Трајковски (Атлетика), Петар Заборски (Карате), Стефан Михајловски (Кик Бокс), Симона Заборска (Карате), Петар Спасеновски (Карате)

Во категоријата Најуспешен тренер признанието го доби Дејан Митровски од Кикбокс клубот „Шампион“, додека Во категоријата Лица со попреченост, наградата ја освои Стоилко Стоицев – Планинарски спорт за искачување на врвови над 6.000 метри.

За категориите Најуспешен спортист-странец и Најдобра екипа, поради недостаток на високи резултати од странски спортисти кои настапуваат за скопски клубови, како и недостаток на врвни резултати на спортски клубови во овие категории, не беа доделени награди.

На добитниците им беше доделена и парична награда со вкупен фонд од 150.000 денари, како признание за нивните достигнувања и успешни резултати во текот на годината.

Tags: Скопјеспортист на годината
Next Post
AI Generated Image

Кои се првите и последните места на планетата што ќе ја дочекаат Новата година?

НАЈНОВО

Синдикалната минимална кошница за август 65.507 денари

August 20, 2025

Струшките вечери на поезијата – 64 години животворна мисија на зближување на културите и народите од сите меридијани

August 20, 2025

МНОГУ ПАРИ МАЛКУ МУЗИКА: Политичката мапа и финансирањето на политичките партии во пресрет на локалните избори 2025

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk