Денеска во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со превземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19(корона вирус). На состанокот беше предложено до Владата да се воведе полициски час (20.00-05.00 часот) на територија на Општина Куманово, со посебни исклучоци за лица, кои имаат потреба од делување, потврдено со соодветно овластување однадлежни органи.
-Се бара од Владата на Република Северна Македонија 100 монтажни кревети и оградни паравани за преградување на простор, кои ќе се користат за карантински сместувања по потреба. Исто така Водовод-Куманово да воведе дополнително обезбедување на фабриката за производство на вода- филтер станица, а СВР Куманово да обезбеди 24-часовно присуство на полицискислужбеник во самиот објект.
На состанок било препорачано Општина Куманово согласно Одлука на Советот на општината да обезбеди финансиски средства за набавка на специјално возило за одржување на јавно-прометни површини и дезинфекција, во вредност од 1.200.000 денари- 60 (шеесет) механички пумпи, во вредност од 100.000 денари- 30 (триесет) моторни пумпи, во вредност од 300.000 денари- 200 (двесте) литри моторно масло за двотактни мотори, во вредност од 100.000 денари- средства за дезинфекција (хиперхлорид), во вредност од 300.000денари- средства за дезинфекција на раце, обувки и облека, во вредност од200.000 денари- заштитни маски, во вредност од 300.000 денари- заштитни ракавици, во вредност од 300.000 денари- опрема и потрошен материјал за дезинфекција и самоизолација иуслуги (резервни средства), во вредност од 1.200.000 денари.
-Се задолжува општинската инспекција, ЈП Чистота изеленило и Секторот за комунални работи да ги обележат сите јавни спортски и детски игралишта и да истите се затворат за употреба до следна Одлука на Општинскиот кризен штаб зазаштита и спасување.
-Се бара од граѓаните да ги дислоцираат непрописно паркираните возила на улиците и тротоарите за да може непречено да се врши дезинфекција, во случај на настаната штета на истите,таа ќе биде на терет на сопствениците на возилата.
-Се бара од Главниот штаб на ЦУК и Владата на РепубликаСеверна Македонија да ја зголемат контролата на лицата бегалци на територијата на Општина Куманово и да се контролира бројот на бегалци, кои се наоѓаат на Табановце, да се води сметка за 72-часовен престој во кампот за бегалци во с.Табановце, за да не се загрози безбедноста на месното население.
-Се бара од СВР Куманово да постапува по одлуките на Владата на Република Северна Македонија за детектирање на сите граѓани, кои се собираат во групи на плоштади, улици, паркови, викендици и други јавни места, со цел да се намали ризикот по однос на ширење на епидемијата.
-Општината да продолжи со дистрибуција на еднократнапомош во храна и средства за хигиена за загрозените семејствазаедно со Црвен крст Куманово (100 пакети со Црвен крст и 100пакети од Општина Куманово.