За време на оддавање почест на настраданите студенти, на улицата Рузвелтова во Белград, една девојка е повредена кога била удрена и носена на покрив од автомобил, по што паднала на улица, објави српската ТВ Н1.
Тешка траума доживеала 20-годишна девојка, која била удрена од автомобил, потврдиле за Н1 од службата за брза помош.
Оттаму наведуваат дека девојката со тешка траума е пренесено во црвената зона на Ургентниот центар, но е во свесна состојба.
Пред две ноќи на Правниот факултет беа физички нападнати студенти, а за ова беа приведени четворица осомничени.
Газењето на студентка во центарот на Белград, која со своите колеги им оддаваше почит на нападнатите студенти, е обид за убиство и бегство од местото на злосторството, изјави претседателот на Народното движење на Србија (НПС) и пратеник Мирослав Алексиќ.
„Ова е директна последица на пораките на режимот на Вучиќ кои секојдневно ги испраќаат во сите медиуми, поттикнувајќи и пропагирајќи насилство врз студентите и граѓаните кои протестираат, кои се на блокади и кои бараат да живеат во нормална држава“, рече. Алексиќ.
Алексиќ посочува дека режимот е директно одговорен за она што се случува на улиците низ Србија и додава дека насилството врз кој било граѓанин на Србија е неприфатливо и дека надлежните институции треба итно да реагираат и да ги најдат одговорните за ова злосторство и да ги уапсат.
Српските медиуми јавуваат дека револтирани и исплашени студенти спонтано се собираат пред Правниот факултет, поради прегазувањето на девојка во пресрет на денешните блокади.
Ј. Ѓ.