На денешната редовна прес конференција, министерот за здравство Венко Филипче сподели нови информации за состојбата со корона вирусот во земјава и одговори на новинарски прашања.
Дијагностицирани се 22 нови пациенти. 24 луѓе се третираат на Инфективната клиника во Скопје, а другите се во домашен карантин. Починатиот се заразил преку друго инфицирано лице, исто како и последните регистирани случаи во Скопје.
Имаме 14 контролни центри за тестирање. Секој може да се јави кај својот матичен, да каже симптоми. По тоа, матичниот ќе каже дали да има тестирање.
Во Скопје тестирање во Сандански и Ченто, но не во Чаир, како што првично беше изјавено. Пунктот во Чаир не е спремен.
Со Комисијата за заразни болести и кризниот штаб зборено е за зајакнување на мерки, посебно за оние во ризични групи (над 65 год), и младите до 18 кои се преносители на болеста.
Седницата на Влада е закажана за денес во 17,00, на која ќе има нови одлуки и дополни на мерките.
Во однос на терапијата против корона вирусот – обезбедена е навистина голема количина на комбинацијата лекарства која се покажала како ефективна. Се чека дозвола од Агенцијата за Лекови за употреба на off label терапија за која треба дополнително тестирање, но е многу ефективна скоро секаде каде што е применета.
Верувам дека мерките ќе се почитуваат и ќе дадат резултати. Дијабетичарите можат телефонски да обезбедат инсулин.
За зголемената побарувачката на Сумамед и Парацетамол во аптеките, министерот Филипче рече „обновена е количината залихи во аптеките, не купувајте резерви за дома.“
На новинарско прашање за причина за смртта на жената од Куманово која два пати била негативна, министерот изјави „во оваа болест нема правило кога ќе се комлицираат симптомите, се било преземено, сите постапки биле запазени, но самиот процес на реанимација не дал резултати.“
На праашњето за трудниците со неодложни прегледи, Филипче ја повтори мерката „трудниците да не одат на работа.“ Матичните лекари да даваат екстра услуги.“
Министерството за здравство има голема колична заштитни маски и секоја институција која нема или не може да снабди, ќе биде опремена со потребата заштитна опрема.
На прашањето „Зошто не им е обезбеден карантин на возачите кои носат наши граѓани од странство?“ министерот рече дека не е информиран за нешто такво.
За гужвата во автобусите денес во главниот град, министерот Филипче изјави дека е разговарано со градоначалникот и причината е пореткиот распоред на автобуси и најави решение.
Набавката на респиратори ќе се повтори.
Кај почината од Куманово, тестовите биле направени 2 пати, оригинален и конфирматорен, и биле негативни. Причина за смртта била откажување на срце.
На новинарското прашање „се издаваат ли решенија за карантин само на лица позитивни на корона?“ министерот одговори дека сите оние што се заразени мораат да се лекуваат во карантин, полесните случаи дома, оние со потешка состојба се хоспитализираат на Клиника. Преземено од германски модел.
Санитација на простор: нема потреба ако работите немаат контакт со надоврешната средина
Новинар твирдеше дека матичните лекари немаат заштитна опрема, не можат да ги изолираат здравите од болните, во чекалните денес било хаос. Министерот повтори дека секоја институција мора да го организира движењето на пациентите. Сме немале до сега систем за заштитна опрема, може да се изнајде некое решение, со сите донации кои стигнуваат. Матичните лекари се сериозно важен сегмент во нашиот здравствен систем, нема да ги оставиме, ќе биде снабдено се што е потребно.
Искрено верувам дека ќе има на крај позитивно сценарио, социјалното дистанцирање ќе помогне многу. По два циклуси инкубација ќе биде поинаку.
За пациентката со препишана зголемена доза специфичен лек, секторот за ретки болести ја обезбедил зголемената количина препишана од лекарот на пациентката.
Боледувал ли починатиот дебарчанец од нешто друго, имало ли обдукција? Ако не се знае причина за смртта се прави обдкуција, тука е прилично јасна причината за смрт.
Околу потребата за посебна постапка за погребување на починатите, министерот рече „разговаравме со експерти околу процедурата за погребување на починатите, нема посебна процедура освен да е затворен сандакот.“
Што е со пациентите од карцином кои имаат закажани редовни прегледи? – Нема никакво ограничување за нив, рече министерот Филипче.
За денес во 17,00 часот закажана е седница на Владата на Република Северна Македонија на која ќе бидат презентирани најновите мерки за превенција од корона вирусот.
А. Н. С