Терапијата која дала успешни резултати во лечење на корона вирусот на многу земји, од утре ќе почне да се користи и во нашата земја, најави министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција.
Тој рече дека обезбедена е доволна количина на тие лекови и истата терапија ќе се дистрибуира кај пациентите кои имаат потреба.
„Со оглед на тоа што во последните денови излегоа повеќе студии дека дава резултати, ја обезбедивме потребната терапија за голем број на наши пациенти. Повеќе публикации покажаа дека дава добри резултати. Од утре па натаму ќе биде дистрибуирана кај сите пациенти кај кои има потреба. Во повеќе земји веќе ја ставија во употреба, и поради тоа ние го правиме истото”, рече Филипче.
А.Зеќири