ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Фабриките ќе работат во смени и за време на полициски час, работниците на работа со посебни дозволи

Во дозволата, соопштија од владиниот Сектор за односи со јавноста, се наведуваат основните податоци за работникот, адресата на живеење, работното место и смената во којашто е ангажиран работникот. За валидност на дозволата се пополнува и називот на компанијата во којашто лицето работи, а треба да го содржи и меморандумот на компанијата, како и потпис и печат од одговорното лице во компанијата. Овој документ е потврда за движењето на работникот во услови на полициски час и истата ќе треба да се приложи на увид до органите на државата. Дозволата за движење ќе важи исклучиво за лицето на чиешто име е издадена.

March 23, 2020 17:39
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Производствените погони и фабрики го продолжуваат своето производство организирано во смени за време и на полицискиот час, а работниците во време на забраната ќе се движат со посебни дозволи за вршење на сменска и ноќна работа.

Оваа одлука беше донесена на координативниот кризен штаб на Владата, а при тоа е усвоена и содржината на дозволата и истата се задолжуваат да ја издаваат одговорните лица на компанијата.

Во дозволата, соопштија од владиниот Сектор за односи со јавноста, се наведуваат основните податоци за работникот, адресата на живеење, работното место и смената во којашто е ангажиран работникот. За валидност на дозволата се пополнува и називот на компанијата во којашто лицето работи, а треба да го содржи и меморандумот на компанијата, како и потпис и печат од одговорното лице во компанијата. Овој документ е потврда за движењето на работникот во услови на полициски час и истата ќе треба да се приложи на увид до органите на државата. Дозволата за движење ќе важи исклучиво за лицето на чиешто име е издадена.

Воедно, од Владата ги потсетуваат правните лица на законската обврска за пријава на ноќна работа. Согласно  член 127 од Законот за работните односи, работодавачот кој користи работници за ноќна работа во ноќна смена меѓу 22:00 часот и 6:00 часот, должен е да ја извести инспекцијата на трудот (Државен инспекторат за труд).

– Заштитата на здравјето на работниците е основен услов за заштита на целата економијата, а Владата и стопанството имаат иста цел – во овие вонредни услови работењето на компаниите да продолжи, но истовремено да се сочува и јавното здравје. Затоа апелираме до компаниите коишто работат во смени и за време на полицискиот час да покажат одговорност, да се придржуваат и да ги почитуваат мерките за заштитата на работниците во услови на епидемија од КОВИД-19. Инспекциските служби се на терен и ќе го следат почитувањето на препораките, стои во соопштението.

Препораките за организирање на работниот процес се следните:

1. Во погоните каде непосредно се врши производниот процес да се лимитира бројот на вработени до таа мера да работниците бидат на растојание од 1,5 до 2м.

2. Во самиот погон задолжително да се обезбеди средство за дезинфекција нa раце и работни површини.

3. За време на работното време од страна на вработените да се почитуваат општите препорачани мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена (зачестено миење на раце и дезинфекција со употреба на дезинфекциони средства  на база на алкохол).

4. Да се врши почесто проветрување на работните простории односно повеќе пати во текот на денот и доколку е тоа можно (преку природна и вештачка вентилација).

5. Еднаш неделно да се врши дезинфекција на сите работни простории, особено во погоните, од овластена служба за тоа.

6. Во случај на непосреден контакт со позитивен лабораториски потврден случај на КОВИД-19 (со или без симптоми), лицето веднаш се изолира и се пријавува до надлежен Центар за јавно здравје.

7. Да се избегнува контакт на вработените лица од погоните меѓу себе во текот на работниот процес, а особено со административните службеници.

8. Во случај на потреба од административна работа, потпишувањето на хартиени документи да се спроведува исклучиво преку едно одредено лице кое носи лична заштитна опрема на себе (заштитна маска и ракавици).

9. Лицата задолжени за обезбедување на објектот да носат исто така лична заштитна опрема.

10. Возачите кои дистрибуираат готови производи, репроматеријали, хартиени документи, исто така да носат лична заштитна опрема.

11. Да не се одржуваат состаноци/колегиуми и истите да се спроведуваат по телефон или на меил.

Next Post

Умерен оптимист во песимистичко сценарио

НАЈНОВО

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
МИА

Даме Димитровски избран за претседател на Советот на Град Скопје

November 7, 2025
МИА

Ѓорѓиевски: Со Градскиот воз, БРТ системот и ЈСП скопјани конечно ќе добијат ефикасен јавен транспорт

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО и ФОТО) Спектакуларно започна ПР претставата „72 часа чисто Скопје“, во присуство на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk