Поради не координираност на двете автобуски станици во Скопје и Куманово 10ина патници останаа без превозот во 17:30 иако претходно им било нагласено дека тоа е еден од термините што остануваат во попладневните часови заедно со тој во 19 и 21 часот кој од денеска се укина поради воведување полициски час.
И двете автобуски станици до последен момент тврдеа дека ќе има автобус во 17:30, а по негово недоаѓање да си ја префрлаат вината едни на други, дознава Фронтлајн.
На крај од Автобуската станица во Куманово информираа дека шефовите и раководителите одлучиле да не пуштат автобус во тој термин, но никој не ги известил оние што комуницираат со патниците. За сигурност на превозот во 19 часот кумановската гарантира дека ќе има, скопската вели најверојатно, би требало.