Граѓаните се собраа на масовен протестен марш во Скопје, во знак на револт и барање за промени во системот кој ги засега децата и младите, како и безбедноста во градовите. Протестот почна во 17 часот пред Универзална сала, каде што се собраа неколку илјади скопјани.
„Правда за Фросина“, „Судијата не смее да биде соучесник“, „Партизанска не е Формула 1“ се само дел од транспарентите што ги носеа претежно млади и студенти, учесници на протестот.
Фото и видео: Јане Ѓорѓиоски













