Американскиот претседател Доналд Трамп ја остава отворена можноста Украина „можеби некогаш да биде руска“ и повика на размена на американската помош за природните ресурси на Кијив, како што се ретките минерали.
„Можеби ќе склучат договор, можеби нема да склучат договор. Можеби ќе бидат Руси некогаш, или можеби нема да бидат Руси“, рече Трамп во интервју за Фокс њуз.
„Сакам нашите пари да бидат безбедни бидејќи трошиме стотици милијарди долари“, нагласи Трамп во интервју за Фокс њуз. Американскиот претседател прецизираше дека од Украина побарал ретји минерали во вкупна вредност од 500 милијарди долари.
На почетокот на минатата недела Трамп веќе побара гаранции за ретките минерали што се користат конкретно во електрониката.
Во интервјуто, американскиот претседател исто така рече дека разговарал со неговиот кинески колега Си Џинпинг откако ја презеде функцијата минатиот месец.
Трамп поретходно потврди дека неговиот специјален пратеник Кит Келог, кој има задача да подготви предлог за запирање на украинскиот конфликт, наскоро ќе го посети Кијив. Според западни медиуми Келог би требало да биде во Украина на 20 февруари.
Говорејќи пред новинарите во Белата куќа, Трамп изјави дека оваа недела ќе разговара со својот украински колега Володимир Зеленски., но не даде конкретни датуми.
Портпаролот на Зеленски потврди за француски медиуми дека Келог ќе пристигне во Украина на 20 февруари – само неколку дена пред третата годишнина од инвазијата на Русија.
Американскиот претседател го задолжи својот пратеник да развие план за што побрзо завршување на војната во Украина.