СМС измама стара повеќе од една година повторно кружи кај корисниците на Нетфликс. Линкот што се сугерира во пораката води до веб страница што има лого на Нетфликс, но се работи за измама – тоа не е Нетфликс! Целта на измамата е да се преземат приватните податоци и да се извлечат пари од корисниците.
Подолу се наведени совети за идентификување и ракување со сомнителни текстуални пораки со барање за: телефон, лозинка, е-пошта или начин на плаќање за вашата сметка на Netflix.
Ако текстот се поврзува со URL-адреса што не ја препознавате, не кликајте на линкот. Ако веќе сте го направиле тоа, не внесувајте никакви информации.
Netflix никогаш нема да бара од вас да ги споделите вашите лични податоци во СМС или е-пошта. Ова вклучува броеви на кредитни или дебитни картички, детали за банкарска сметка, лозинки на Нетфликс. Исто така нема да бара плаќање преку продавач или веб-сајт од трета страна.
Што треба да се направи ако добиете сомнителна е-пошта или СМС?
Измамниците не можат да добијат информации од вас освен ако не им ги дадете. Затоа, не кликнувајте на линкови во пораките или не одговарајте на нив.
Б. Т.