ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

09: Исплата на мартовски пензии, Куманово со заострени мерки, се запира примената на Законот за извршување до 30 јуни 2020 година

Актуелни вести од 06 до 09 часот.

March 25, 2020 09:01
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија ги започнува преговорите за членство со ЕУ. Министрите вчера ја усвоија ревидираната преговарачка методологија, предложена во февруари годинава од страна на Европската Комисија, методологија која би требало да го направи процесот пополитички и да им даде поголема контрола врз процесот на земјите членки на ЕУ.

Охридска група: Одлукатата за почеток на преговорите голем ден и за С.Македонија и за ЕУ. Честитка за даденото зелено светло од Европската Унија за започнување на пристапните преговори со Северна Македонија преку писмо до претседателот Стево Пендаровски потпишано од поранешниот генерален секретар на НАТО Лорд Џорџ Робертсон упати Охридската група.

Казни до 8.000 евра за компаниите кои нема да ги почитуваат одлуките за замрзнување на цените. Државниот пазарен инспекторат од 19 до 22 март спровел 869 надзори за контрола на замрзнатите цени, при што кај одредени трговци од малопродажба е констатирана промена на цените на неколку производи, но субјектите, како што беше соопштено вчера, се веднаш задолжени да постапат по одлуката и да ги вратат старите цени од 11 март годинава.

Се запира примената на Законот за извршување до 30 јуни 2020 година. Според оваа Уредба, Член 2, како што стои во соопштението од владината прес-служба,  утврдува дека извршителите се должни да запрат со преземање на било какви извршни дејствија, освен во предметите за побарувања врз основа на законска издршка, со распределба на средствата пристигнати на нивните посебни сметки, доколку за тоа се исполнети законските услови, со дејствијата кои следат по наплатата на средства од должникот, успешно спроведени јавни надавања, или продажби со непосредна спогодба.

Во Куманово зајакнати мерки за справување со корона вирусот. МЗ и ИЈЗ треба да подготват посебен план со екипи за да се преземат сите потребни мерки за спроведување на поголем број тестирања, со цел континуирана детекција и организација на следење на состојбата со бројот на инфицирани лица од коронавирусот, како и да се упати стручен медицински персонал и да се обезбеди техничка помош за потребите на Општата болница во Куманово.

Со чартер летови ќе се враќаат граѓаните заглавени во странство. Дежурен тим во МНР се јавува на секој пријавен поединечно за да каже дека заради кризата ќе треба да имаат извесен надомест за трошоците за чартер летот и дека ќе треба да прифатат да поминат двонеделен карантин.

НЛБ и Халк банка денеска ќе ја исплатат мартовската пензија. Ги повикуваат пензионерите во интерес на нивна заштита да не користат готовина и да не ги посетуваат филијалите, туку да ги користат картичките и да се насочат кон електронското банкарство.

Next Post

Четврта жртва на Ковид-19 во Србија

Shortcut

Најново

Судот одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и уште три лица

June 4, 2026

Мицкоски ја има третата власт на speed dial

June 4, 2026
Анаис. Мотив. Скопје

Дневен хороскоп со Анаис за 4 јуни 2026: Прогресивни идеи и колективен баланс

June 3, 2026

Формиран Регионален хаб за спортска дипломатија: МОК го става спортот во функција на развојот, инвестициите и регионалната соработка во Западен Балкан

June 3, 2026

Началникот на Генералштабот на Армијата учествуваше на 19-тата Конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји во Република Грција

June 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 28 мај 2026: Финализирање на стратегиите и ментално ослободување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk