ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мецола од Вашингтон: Партнерството меѓу ЕУ и САД е важно

February 28, 2025 10:53
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Светот денес се потпира на силата на трансатлантските односи, кои ја надминуваат меѓусебната трговска и индустриска соработка, порача синоќа претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола во обраќањето на Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во Вашингтон.

– ЕУ и САД застанаа на иста страна на историјата не затоа што сме хомогени, туку затоа што нашите најголеми победи доаѓаат од нашата заедничка убеденост да го правиме она што е правилно. Ова партнерство е важно, нагласи Мецола.

Таа се осврна на заедничките вредности што во текот на децениите ги застапуваа двете страни, меѓу кои достоинството на секое човечко суштество, еднакви можности за секој да го достигне својот целосен потенцијал, правдата и правото сите да се чувствуваат безбедно и да живеат во безбедност и вербата во слободата.

– Индивидуалната слобода, слободната трговија, слободата да не се согласуваме и камен темелникот на сè: слободата на говорот, рече Мецола.

Според неа, поттикната од чувството на фрустрација што гласачите го изразија на ланските избори за членови на Европарламентот, ЕУ како врвен приоритет на својата агенда го постави поедноставувањето на системот, наместо комплицирањето, со цел да се најдат решенија со кои ќе им се олесни на компаниите да водат бизнис со и во Европа.

Таа нагласи дека ваквиот пристап на ЕУ е воден од погледот кон иднината, па затоа таа е „отворена за бизнис“, но подготвена е и да реагира цврсто и веднаш против неоправданите бариери за слободната и фер трговија, вклучително и на царините.

– ЕУ и САД можат да најдат начин како сите да победиме. Затоа мислам дека треба да разговараме за трговски договори, наместо за царини. Ние не треба да „искористуваме“ никого, нагласи Мецола, алудирајќи на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ЕУ е формирана само за да ја „искористува“ Америка.

Претседателката на Европскиот парламент во своето обраќање се осврна и прашањата поврзани со одбраната, повикувајќи на зголемување на одбранбените трошоци.

– Нашата посветеност треба да одговара на нивото на закана со која се соочуваме. Таа закана е многу висока, истакна Мецола.

Таа порача и дека „мирот е суштината на Европската Унија“, па затоа ЕУ отсекогаш сакала мир во Украина.

– Во исто време, ние исто така треба да бидеме искрени со себе. Мир без слобода, мир без достоинство, мир без правда, мир кој не се заснова на принципот „ништо за Украина без Украина“, воопшто не е вистински мир, рече претседателката на ЕП.

Според Мецола, врз основа на таквиот пристап ЕУ е подготвена да ја одигра својата улога во гарантирањето на мирот и стабилноста во Украина, затоа што знае дека тоа ќе значи мир и стабилност во Европа, што претставува победа за сите.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ЕУМецолаПартнерствоСАД
Next Post

Јужна Африка пред враќање во календарот на Ф1

НАЈНОВО

Зеленски: Нема да ги користиме ракетите „Томахавк“ врз цивилни цели во Русија

October 12, 2025

Мирен изборен ден во Косово со излезност под 40 проценти

October 12, 2025
Фото: СДСМ

(ВИДЕО) Филипче од Струмица: Македонија не може да ја води Мицкоски, човек без компас и без човечност

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото скриншот

    Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каков белег остави Дајан Китон – вечната дама на американската кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk