ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) СДСМ: Нов скандал – Муцунски со омилена фирма во тендерската мрежа на ВМРО-ДПМНЕ

March 7, 2025 13:41
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На денешната прес-конференција на СДСМ, портпаролката Богданка Кузеска обелодени нови детали за, како што рече, серијата скандали поврзани со корупција и сомнителни тендери на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Во фокусот на обвинувањата е министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, за кого од СДСМ тврдат дека стои зад мрежа на тендери преку кои се „испумпуваат“ пари од државниот буџет, вклучително и од унгарскиот кредит.

Според информациите презентирани од Кузеска, Министерството за надворешни работи потпишало договор за изградба на челична настрешница во вредност од речиси 550.000 евра. Овој договор, како што беше истакнато, е склучен со градежната компанија „Пирамид билдинг солушнс“, која била единствен понудувач на тендерот. Од СДСМ тврдат дека ова е дел од „новата ера на кражби“ поврзана со проектот „Скопје 2014“, кој светските медиуми го нарекоа „најголемиот коруптивен проект во Европа“.

Скандалот добива дополнителна тежина со наводите дека „Пирамид билдинг солушнс“ има долга историја на соработка со Муцунски. Компанијата, според СДСМ, добила 11 тендери во Општина Аеродром во вредност од 2 милиони евра додека Муцунски бил градоначалник. Еден од договорите, вреден 335.000 евра, бил за хигиенски и комунални услуги. Дополнително, од унгарскиот кредит, фирмата наводно добила три тендери во износ од околу 1,8 милиони евра во последните три месеци, вклучително и тендер за реконструкција на скверот зад ТЦ „Капитол“ во вредност од 700.000 евра, на чиј почеток присуствувал и премиерот Христијан Мицкоски.

„Вкупно, само преку бизнисот со Општина Аеродром, речиси 4 милиони евра завршиле кај оваа компанија“, истакна Кузеска, додавајќи дека фирмата добила и осум тендери во Општина Гази Баба за време на мандатот на ДПМНЕ.



Од СДСМ изразија сомнеж дека станува збор за координирана шема на ВМРО-ДПМНЕ за фаворизирање на блиски компании и нетранспарентно трошење на јавните пари. Тие побараа итна истрага од надлежните институции за коруптивните зделки на Муцунски, утврдување на одговорност на сите вмешани и одговор на прашањето каде завршуваат парите од унгарскиот кредит.

„Граѓаните не смеат да бидат жртви на нови коруптивни афери на ДПМНЕ. СДСМ ќе продолжи да се бори за правда и отчетност, а секој што го злоупотребил народниот денар ќе одговара“, заклучи Кузеска.

 

Tags: МуцунскиСДСМ
Next Post

Колку чини едно дете!?

Shortcut

Најново

СДСМ: Откриена бизнис-шема со омилени изведувачи и фирми за надзор

June 15, 2026
Фото: 360 степени

(ВИДЕО) Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје

June 15, 2026

Николоски: Започнуваме постапки за изградба на експресен пат Кочани-Виница-Делчево и експресен пат Радовиш-Струмица

June 15, 2026

Мицкоски: Исплатени 230 милиони евра за домашните компании, индустријата бележи раст од 7,5%

June 15, 2026
ВИ

САД и Иран постигнаа договор што треба да стави крај на конфликтот, паѓа цената на нафтата

June 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk