ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Членството во ЕУ стратешка цел, со САД како стратешки партнер, порача премиерот

March 7, 2025 14:21
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска истакна дека државата политиката треба да ја базира врз позициите на САД како стратешки партнер, особено во мигови кога во рамки на ЕУ постојат несогласувања и по прашања како што е буџетот на Унијата.

Мицкоски денеска на прашање на новинарите за позицијата на Владата по однос случувањата во светски рамки, истакна дека стратешка цел на државата е полноправно членство во ЕУ, но истовремено потсети и дека САД се наш стратешки партнер.

– Ние како држава треба да се позиционираме заедно со нашиот стратешки партнер, убедени сме како Влада дека тоа е правецот каде како држава треба да се движиме, рече тој.

Во таа насока била и поддршката од македонската Влада на Резолуцијата поднесена од страна на САД пред Советот за безбедност во ОН, а која се однесуваше на тригодишнината од почетокот на руската агресија врз Украина.

– Дека нашиот став беше исправен потврдата стигна при гласањето во Советот за безбедност на ОН, чија одлука е конечна. Таму голем дел од постојаните членки и оние кои не се постојани членки на Советот, а се држави на ЕУ, не гласаа против туку гласаа воздржано. Тие не ја блокираа, со што Резолуцијата на која бевме коспонзори, поднесена од САД, стана обврзувачка. Тоа е правецот што оваа Влада треба  да го следи, рече Мицкоски, кој истакна дека траен, одржлив мир во Украина е и потребен и на Европа и на светот.

Притоа уште истакна дека неговите очекувања се во периодот што следи да биде потврдено она што го има кажано и претходно во други прилики, дека најголемиот дел од европските лидери ќе бараат средба со американскиот претседател Доналд Трамп и ќе бараат начин како да се стави крај на конфликтот предизвикан од руската агресија врз Украина.

Што се однесува на напорите за деблокирање на процесот на присоединување на земјата кон ЕУ, односно дали очекува САД да влијаат за надминување на спорот со Бугарија, премиерот Мицкоски нагласи дека секоја прилика ја користи за да ги презентира македонските аргументи и да побара поддршка за деблокирање на европскиот пат на земјата.

Tags: ЕУСАДчленство
Next Post
Париз. Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Петмина европски министри за одбрана ќе се сретнат в среда во Париз за Украина

Најново

Колаж од најави за настан во Градски Парк, Скопје, на 9 мај 2026 (фото извор: ФБ страница на ЕУ Делегација во Скопје)

Скопје со активности во знакот на Европа

May 2, 2026

Пекинг се закани со контрамерки доколку ЕУ ги ограничи кинеските компании на европскиот пазар

May 2, 2026
Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

Викенд хороскоп со Анаис за 2 и 3 мај: Моќта на интуицијата и тајните на Шкорпија

May 1, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Работниците денеска на масовен првомајски протест во Скопје

May 1, 2026
Анаис. Мотив, Дојран

Дневен хороскоп со Анаис (1 мај): Процут на хармонијата и награда за балансот

April 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk