ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Претпладнево инаугурација на новиот грчки претседател Константинос Тасулас

March 13, 2025 09:36
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Скриншот

Скриншот

Новиот претседател на Грција Константинос Тасулас претпладнево во Парламентот ќе положи свечена заклетва, по што и официјално, во Претседателската палата ќе ја преземе функцијата од досегашната претседателка Катерина Сакеларопулу, јави дописничката на МИА од Атина.

Поранешниот собраниски спикер и кандидат на владејачката Нова демократија, минатиот месец со 160 гласа „за“, од 156 пратеници од Нова демократија, од двајцата поранешни членови на владејачката партија, сега независни, како и уште двајца независни пратеници, од вкупно 300 пратеници, беше избран за нов шеф на државата

За изборот на Тасулас за претседател се одржаа четири гласања, со оглед на тоа што на првите две беше потребно двотретинско мнозинство, а на третото беше потребно да гласаат три петтини од пратениците.

Откако официјално му беа соопштени резултатите од гласањето Тасулас рече дека за него е „врвна чест, но и тешка одговорност“ функцијата шеф на државата и посочи дека „хармоничното функционирање и синергијата на институциите, најблагата можна политичка клима и зачувувањето на климата на единство е вредна рамка за успех на политичките амбиции“, но и дека единството е „невидливата нишка“ што ги обединува.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, тогаш, честитајќи му на новоизбраниот претседател, изрази увереност дека „ќе ја исполни високата улога како симбол на националното единство, но и како гарант за демократска нормалност и уставна стабилност“, додека пак опозициските партии упатија критики до Владата бидејќи шефот на државата не беше избран со широки мнозинство.

Критиките за Тасулас во тој период се однесуваа на железничката несреќа кај Темпи пред две години, односно дека за време на неговиот мандат како претседател на Парламентот, пратениците не успеа да истражат каква било политичка одговорност поврзана со несреќата.

Новиот грчки претседател, 66-годишниот Тасулас, роден е во градот Јанина, студирал во Атина, работел во адвокатска канцеларија во Лондон, во периодот 1981-1990 година беше секретар на поранешниот претседател на Нова демократија Евангелос Авероф-Тосица, како и советник во неколку министерства, во Владата на Костас Караманлис беше заменик-министер за одбрана, а во Владата на Самарас министер за култура, но и градоначалник на населбата Кифисја во северниот дел на Атина.

Од 2000 година е пратеник од Нова демократија, а од јули 2019 година до јануари годинава беше претседател на Парламентот, позиција на која три пати со широко мнозинство беше изгласан од пратениците.

Во однос на ставовите кон нашата земја, генерално, позициите на новиот шеф на државата не се разликуваат од оние на актуелната грчка Влада, како што анализираше МИА на средината на јануари, откако беше предложен за претседател од владејачката Нова демократија.

Тасулас, согласно неговите јавни изјави изразени во изминатите години како претседател на Парламентот, ја поддржува европската перспектива и на регионот и на Северна Македонија, но и порачува дека е неопходно да се почитува Договорот од Преспа, додека пак на крајот на октомври 2022 година на маргините на Конференцијата на претседателите на парламентите на земјите – членки на Советот на Европа, беше првиот претседател на грчкиот Парламент што се сретна со негов македонски колега и по средбата со тогашниот спикер на Собранието Талат Џафери порача дека парламентите со кои претседаваат „треба да го покажат патот за подобрување на односите меѓу двете земји“.

Во однос на ратификациите на трите меморандуми со нашата земја потпишани по Договорот од Преспа, кои сè уште чекаат да бидат ставени на дневен ред, на крајот на септември 2020 година, Тасулас, како претседател на грчкиот Парламент, посочи дека „трите ратификации на меѓународните договори со Северна Македонија немаат карактеристика на итни“.

Претседателката во заминување Катерина Сакеларопулу на позицијата дојде во 2020 година, на предлог на Владата на Нова демократија и беше избрана при првото гласање, со широко мнозинство, односно со поддршка од три партии и со 261 глас, 61 повеќе од неопходниот минимум и стана првата жена претседател на Грција.

Next Post

Во Кривичен денеска треба да биде објавена пресудата за убиството кај „Мавровка“

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk