ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Како денес ви изгледа диктаторот Александар Вучиќ? 

March 15, 2025 11:35
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏЕЛАЛ ХОЏИЌ

Пробајте да се сетите како на дел од македонската јавност ѝ изгледаше Вучиќ пред само неколку недели, пред само три-четири месеци, па споредете и направете разлика од тоа како денес ви изгледа диктаторот, додека ги следите протестите на студентите од цела Србија во Белград. Пред само неколку недели диктаторот Вучиќ во Македонија беше најпопуларниот политичар од регионот и херојот на огромното мнозинство медиуми на македонски јазик, но и херојот на мнозинство македонски политичари, новинари, аналитичари, јавни личности…

Со години, на голем дел од македонските политичарите најважно им беше да се сликаат со диктаторот Вучиќ, на некој Саем на вино, на некоја конференција, во склоп на една бесмислена иницијатива каква што беше „Мал шенген“, а потоа „Отворен Балкан“, затоа што сите знаеја колку српскиот диктатор е популарен во Македонија.

Пред само неколку недели изгледаше дека режимот на Вучиќ е толку силен и дека ќе трае уште многу години. Голем дел од македонската јавност му аплаудираше за начинот на кој владее, начинот на кој ги поклопи институциите, медиумите, судовите. Му аплаудираа на диктаторот за начинот на кој ја демонизираше опозицијата, како сите Срби кои беа критични кон него ги нарекуваше „предавници“. Му аплаудираа за диктаторскиот однос кон критичните невладини, новинари, интелектуалци.

Посебен парадокс беше да се гледа како во Македонија му се аплаудира на диктаторот Вучиќ додека се расправа со кај нас популарните српски глумци, пејачи и спортисти кои се охрабриле јавно да му се спротивстават.

На линковите од вестите како диктаторот Вучиќ се расправа со Хрватска, Босна, Црна Гора, Косово и демократската јавност во Македонија се редеа лајкови, хвалоспеви во коментари, поддршка за човекот кој со години поддржуваше и продуцираше деструктивни политички процеси во државите од регионот.

Пробајте да се сетите на ставовите на дел од македонските политичари, но и молкот на едни други политичари, кога диктаторот Вучиќ правеше притисок врз државата Северна Македонија да не гласа за резолуцијата за геноцидот во Сребреница во ОН. Сето тоа се случуваше минатата година, додека траеше кампањата за парламентарните и претседателските избори. Морничави беа текстовите во дел од медиумите во кои се релативизира од меѓународен суд пресуден ГЕНОЦИД во Сребреница. Страшен беше говорот на омраза во коментарите на социјалните мрежи.

Со години, дел од нашите медиуми од диктаторот Вучиќ правеа херој, додека некритично ги споделуваа неговите популистички говори, изјави, политички одлуки спротивставени на демократските стандарди. Посебно оние во кои се расправа со Европската Унија.

Пред само неколку недели, дел од македонските медиуми и дел од македонската јавност комплетно ги игнорираше протестите на српските студенти. Беа убедени дека е невозможно да направат нешто и дека нивниот политичкиот идол Вучиќ е толку силен диктатор кој никој нема шанси да го размрда уште многу години. Игнорираа со недели и месеци… и од еднаш се случи првиот масовен студентски протест во Белград на 22-ри декември.

За мене разбирлив беше молкот од оние кои не ги застапуваат демократските вредности и кои работат против членството на Северна Македонија во ЕУ. Чуден беше молкот на оние кои овде гласно се залагаат за демократски вредности, а немаа збор против недемократскиот режим на Вучиќ. Чуден беше молкот на оние кои имаа полна уста на европски и демократски вредности, но кога доаѓаше ред да се каже нешто за Вучиќ и великосрпската конфликтна политика во регионот, молчеа или релативизираа. Долго размислував на оваа тема. Спомнав погоре дека Вучиќ продуцираше деструктивни политики во државите од регионот. Ми стана јасно, дел од македонската политичка елита се плаши дека идната демократската власт во Србија може да дојде и до списоците на логистички поддржаните политичари кои помогнале во креирање на деструктивните и антиевропски политики и во Северна Македонија.

Јасно е, српските студенти го разнишаа режимот на Вучиќ. Веќе не е прашање дали диктаторот ќе падне. Прашање е само на време, прашање е кога и како, односно начинот на кој ќе падне, техниката како ќе биде соборен. Секако, останува стравот дека Вучиќ, како и многу други диктатори, ќе се обиде и крваво да ги загуши протестите. Нема да му биде прв пат да посакува туѓа крв за сопстевна моќ.

И како што гледате, вчера многу луѓе храбро станаа против Вучиќ на социјалните мрежи и во Северна Македонија. Исто така гласен е и молкот на оние кои навиваат Вучиќ да опстане. Се сменија околностите.

Сепак ќе остане запишана солидарноста на македонската власт со режимот на Вучиќ, преку изјавите на вицепремиерот Иван Стоиљковиќ против српските студенти, како и молкот за изјавите на Стоиљковиќ од премиерот Мицковски, но и министрите од ВЛЕН.

И како изгледаат работите денес? Пумпај!

Да живее младоста!

Да живее демократијата!


Текстот е личен став на Авторот.
Next Post

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ сака да стави партиска капа врз судството за да ги заштити своите криминали, кои секој ден ги откриваме

Најново

Фото: Скриншот, видео N1

Рундек со мини-концерт во Белград им даде поддршка на студентите со „Ay Carmela“

May 8, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Викенд хороскоп на Анаис за 9 и 10 мај 2026: Социјална динамика и нови идеи

May 8, 2026
Фото: Скриншот од war.gov/UFO

Трамп објави тајни досиеја за НЛО: „Народот сам нека одлучи што по ѓаволите се случува“

May 8, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дали светот се соочува со нова пандемија: Што се случува со хантавирусот на крузерот „Хондиус“?

May 8, 2026

Советничка на ЗНАМ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, преминува во опозиција

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk