„Внатре дискотеката, јас колку што знам, а бев присутен додека се правеше, е излепена со најевтината изолација, со сунѓер“ вели Благојчо Ѓорѓиев, кочанчанец кој вели дека неговите луѓе претходно го обезбедувале објектот каде што утрово загинаа 59 лица.
Тој додава дека редовно го предупредувал газдата дека внатре постојано влегуваат деца, но дека тој не реагирал, бидејќи се плаќале влезници.
„Кој даде дозвола таа шупата дискотека да се нарекува? Кој направи контрола? Јас имам лично пријавувано дека внатре има еден куп малолетници“ вели Ѓорѓиев.
Тој повикува дека мора да има одговорност и дека не смее да се молчи за да не се случат посериозни работи.
„Додека не се свестиме и чукнеме во главите што правиме и како правиме и за што ќутиме, бетер ќе бидеме“ вели Ѓорѓиев.