Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги обвини опозициските партии за предизвикување „движење на насилство“ додека протестите во земјата продолжуваат шеста ноќ, објави Би-би-си, пренесува ЦивилМедиа.
Немирите започнаа во Истанбул минатата среда кога градоначалникот на градот Екрем Имамоглу, главниот претседателски ривал на Ердоган, беше приведен под обвинение за корупција. Имамоглу рече дека обвинувањата против него се политички мотивирани, тврдење кое Ердоган го негираше.
Главната опозициска партија во Турција, Републиканската народна партија (ЦХП), рече дека демонстрациите ќе завршат во вторник, без да каже кои ќе бидат следните чекори.
М. Д. / Цивил Медиа