ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Владата распишала тендер за да ги следи медиумите, ќе оценувале кои вести се позитивни, негативни или неутрални

March 27, 2025 17:49
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА
Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Триесет министерства и агенции, секое утро до 9 часот ќе добиваат извештај за темите со имињата на новинарите и прераскажана куса содржина на содржините во телевизиите, весниците и сајтовите според однапред одбрана тема. Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Северна Македонија распиша тендер за оваа услуга и уште нема склучен договор односно не е завршена постапката за да се дознае која фирма ќе ги мониторира медиумите. Тендерот е објавен на 5 март, а отворен е до 4 април до кога треба да се поднесат понудите, пишува Слободен Печат.

Информаццијата првично ја објави  Сакам да кажам.мк.

„Владата објави тендер за избор на фирма која треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание и ќе овозможи да се прави оценување на објавените вести дали се позитивни, негативни или неутрални. Во техничката спецификација на тендерот објавена на страната на Бирото за јавни набавки без да се специфицира предвидениот буџет, стои дека фирмата која ќе биде избрана на тендерот треба да овозможи услуга за оценка на медиумското влијание или клипинг односно следење, селекција, изработка и дистрибуција на објави во печатените, електронските, интернет медиумите и на социјалните мрежи. Софтверот треба да овозможи податоци за медиумот кој ја објавил веста и име на авторот на веста, пишува СДК.мк

Од владата за СДК изјавиле дека тендерот е распишан за да се креираат политики кои се за добробит на јавноста и граѓаните, и за воочување на грешките во работењето.

„Нашата тенденција е да креираме и спроведуваме политики кои се за добробит на јавноста и граѓаните, но и воедно да ги воочуваме грешките во работењето и истите да ги коригираме. Во тој контекст особено влијание и значење за нас имаат медиумите, како еден од најрелевантните фактори со активна улога коректив на власта. Системот пропишан во документацијата не се однесува на оценка на релевантноста на самите вести, туку пораките кои доаѓаат од медиумите во насока на коригирање на можните грешки во спроведувањето на политиките од работењето на Владата“, изјавиле од Владата.

Тендерот е објавен на 5 март, а отворен е до 4 април до кога треба да се поднесат понудите, јави СДК.

.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Владамедиуми
Next Post

Пратениците на Левица ќе донираат повеќе од половина од мартовската платата во знак на солидарност со жртвите во Кочани

НАЈНОВО

Ацевски: Нашата визија е човекот пред профитот, нивната визија е брз профит – Ќе добие ли Имер Селмани нови згради во Ѓорче под превезот на „населба за млади“?

October 13, 2025
Генерирано со ВИ

Трамп го повика претседателот Херцог да го помилува Нетанјаху

October 13, 2025
Скриншот

Вучиќ: Граѓаните да бидат мирни, нема да има недостиг од нафта и нафтени деривати

October 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Израел почна со ослободување палестински затвореници по размената со Хамас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Даскаловски: Струмица е град кој не се покорува, да ја продолжиме успешната приказна што ја градиме 20 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk