ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Руската Федерација продолжува со кршење на Женевските конвенции: Присилна руска мобилизација на украински државјани на привремено окупираните територии на Украина

April 3, 2025 08:07
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Амб. ЛАРИСА ДИР
Вонредна и Ополномоштена Амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија

Секој ден Руската Федерација го зголемува своето зло, пред сè, кршејќи ги нормите на меѓународното хуманитарно право.

На 20 март 2025 година, В. Путин потпиша указ со кој се предвидува присилно протерување на украински државјани кои се наоѓаат „на територијата на Руската Федерација“ без таканаречени „законски основи“, или пак се принудени да поминат низ процедури насочени кон присилна интеграција. Овој акт претставува уште еден чекор во кампањата на Руската Федерација за дискриминација, прогон и присилно иселување на украинските државјани од привремено окупираните територии на Украина, како и присилување на нивно добивање на руско државјанство.

руска окупација (фото извор: defence-ua.com)

Систематските депортации и прогони се дел од руската политика на геноцид врз украинскиот народ. Историски гледано, Кремљ користел масовни депортации како средство за уништување на националниот идентитет на Украинците, што е потврдено со злосторствата на советскиот режим во 20. век. Денес Руската Федерација ги продолжува тие репресивни практики, грубо прекршувајќи ги своите меѓународни обврски.

Поминаа едвај две недели од претходниот указ што ги крши човековите права, кога беше донесена нова одлука поврзана со присилна мобилизација – указот на В. Путин за „регрутација“ во периодот април – јули 2025 година во вооружените сили на Руската Федерација.

Руската Федерација спроведува присилна мобилизација на украински државјани во вооружените сили и други воени формации на РФ на привремено окупираните територии – Автономната Република Крим и градот Севастопол, делови од Доњецка, Луганска, Запоришка и Херсонска област – во рамките на рускиот „регрутен повик“.

Информацијата се шири и на социјалните мрежи – руските окупатори присилно регрутираат

Руската „мобилизација“ на окупираните територии претставува брутално кршење на меѓународното право, особено на Женевската конвенција за заштита на цивилното население за време на војна, според која на државата-окупатор ѝ е забрането да ги присилува лицата да служат во нејзините вооружени или помошни сили, како и да врши притисок и пропаганда во корист на доброволно приклучување кон армијата.

Министерството за надворешни работи на Украина изрази остар протест поради присилната мобилизација на украински државјани и им се обрати на украинските граѓани на привремено окупираните територии – доколку е можно, на секој начин да го избегнуваат рускиот „призив“. Во случај на присилна мобилизација – веднаш штом се укаже можност, да ги напуштат тие единици и да се вратат на територија под контрола на Украина или да заминат во трети земји. Во случај Руската Федерација да ангажира регрутирани војници во агресијата против Украина, ги повикуваме да го искористат проектот „Сакам да живеам“ и доброволно да се предадат на украинските Одбранбени сили.

Во прекршување на правилата на меѓународното хуманитарно право, Русија, како окупациска сила, спроведува присилна регрутација на украински државјани на привремено окупираните територии на Украина.

Во текот на 2024 година, Русија мобилизираше 10.000 Украинци од привремено окупираните територии, вклучително и 5.500 од Крим. Од 24 февруари 2022 година, Русија принудно мобилизираше до 300.000 жители од привремено окупираните територии на Украина. Од 2015 година, Русија има повикано повеќе од 50.000 лица на воена служба од привремено окупираниот Крим и има спроведено 20 нелегални регрутациски кампањи на полуостровот.

Како што гледаме, присилната мобилизација е проследена со сè поагресивни мерки на Кремљ да врши притисок и присила врз Украинците да станат руски државјани. Украинците кои не бараат руско државјанство се изложени на закани, заплашувања, ограничувања на хуманитарна помош и основни средства за живот, па дури и на можни апсења или депортации.

Украина ги документира овие злосторства на Руската Федерација со цел изведување на руското воено и политичко раководство пред правдата.

Им се обраќаме на нашите партнери – да помогнат во документирањето на руските злосторства, да ги осудат овие постапки и да учествуваат во создавање на Специјален трибунал за казнување на Руската Федерација за злосторот на агресија против Украина.


ЦивилМедиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

ЦИВИЛ најави нова публикација за одбрана на демократијата и човековите права: Глобална иницијатива основана во Скопје

НАЈНОВО

Кочани вечерва сплотено во болка, љубов и заедништво – ѕвездено небо и светлина за 62 ангела

September 16, 2025
Фото: Фејсбук на Марија Андоновска

ИЈЗ: Нема радиоактивност во водата и опасни тешки метали во почвата по пожарот во Трубарево

September 16, 2025
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025 фото: ЦИВИЛ

(ФОТО) „Шест месеци без правда за Кочани“ – Марш за ангелите во Скопје

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски смета дека единствено Левица ѝ фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk