По четврти пат пропадна конститутивната седница на косовското Собрание, неуспешно да се избере нов лидер. Опозицијата повторно не се согласи да гласа за кандидатката на партијата Ветевендосје, Албулена Хаџиу, пренесоа косовските медиуми.
По прекинот на седницата, опозицијата го обвини Ветевендосје дека го блокира гласањето, бидејќи според него, треба да има политички договор за име прифатливо за сите политички фактори.
„Албулена Хаџиу не може да биде поважна од создавањето институции. Излезот сега е јасен, ЛВВ мора да најде друг кандидат“, рече Мемли Красниќи, лидерот на ПДК.
„Самоопределувањето мора да разбере дека за избор на претседател на Собранието мора да има компромис и да се формира мнозинство“, изјави Лумир Абдиџику, лидер на ЛДК.
„Ние како Алијанса кажавме дека ако беше некој друг наместо г-ѓа Хаџиу, ќе гласавме за неа. Отворени сме да најдеме начин да го конституираме Собранието. Ако ВВ ги нема гласовите за својот кандидат, тогаш да најдеме пообединувачки кандидат“, изјави Рамуш Харадинај, лидер на ААК.
Во меѓувреме, пратеничката на Ветевендосје, Мимоза Кусари-Лила побара размислување од опозициските партии.
„Со овие пристапи, со барикадите на политичките партии навистина треба да се договориме, на друга тема да ги повикаме сите политички партии, да го конституираме Собранието и да се договориме со 80 гласа да го распуштиме Собранието и да одиме на нови избори“, рече таа.
Следната седница се очекува да се одржи во среда, а останува нејасно дали Албин Курти ќе прифати преговори за името на новиот претседател на Собранието.
Преземено: Цивил Медиа