ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Во Тирана изложба и промоција на монографија посветена на македонското културно богатство

April 26, 2025 10:26
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамки на манифестацијата „Недела на македонската култура”, синоќа во македонскиот културен центар-Нобис во Тирана, беше отворена изложба на слики со традиционални македонски носии.

Исто така беше одржана и промоција на книгата „Монографија за македонската народна носија“ на авторот Владимир Јаневски, посветена на овие културни богатства.

– На изложбата и промоцијата на „Монографија на македонски народни носии“, од Проф. д-р Владимир Јаневски беа преставени парчиња облека и приказни, живи сведоштва на македонската историја, традиција и идентитет, објави Амбасадата на РСМ во Тирана.

Се додава дека секоја носија е расказ сама по себе – за љубовта, трудот и вештината на нашите предци.

– Ткаени и везени со раце, срце и душа, симболи кои пренесуваат пораки за припадност, убавина и духовност. Боите, орнаментите, материјалите – кои не биле избирани случајно, во себе носат значење од генерација на генерација. Изложените носии се сведоштва за богатството на македонската народна уметност и разновидност на регионите, со своја приказна, своја боја и глас, се оценува во објавата.

Во монографијата може да се воочи длабокото истражување на традиционалната облека, со прецизна документација и анализа на носиите со усни сведоштва на современи сведоци, при што авторот успеал детално да ги прикаже комплетните носии и специфични предмети користени од крајот на 19-тиот до почетокот на 20-тиот век.

– Оваа изложба нека биде потсетник дека минатото не треба да го заборавиме, туку да го негуваме и споделуваме со новите генерации. Нека нѐ потсети дека корените се силни и од нив расте нашата иднина, се нагласува во објавата.

Монографијата е сеопфатно дело кое опфаќа повеќе од три децении посветено истражување и теренска работа од доменот на материјалната култура особено фокусирајќи се на традиционалната македонска облека.

Манифестацијата „Недела на македонската култура“, која првпат се одржува во Тирана, свечено беше отворена на 23  април, а завршува утре.

Tags: македонско културно наследствоТирана
Next Post
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Добро, Бугарите не се во Уставот, но каде се Македонците!?

Shortcut

Најново

Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

Тутунари, не дозволувајте грешките при пакувањето и чувањето да ви го намалат откупот

November 19, 2026
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова (извор: Wikipedia)

Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

November 19, 2026

Емил Цветанов: ВФМ мора да биде симбол на фер-плеј, чесност и еднаков третман

November 19, 2026

Седум фемициди и шест барања: Граѓанските организации бараат институционална одговорност

November 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk