ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

21: Полската болница кај Клинички е речиси завршена, Авицена со пункт за тестирање за Ковид-19, хранилки за улични кучиња во Бутел, Постои ли навигациска апликација да го „прибере“ Мицкоски?

Настаните на денот до 21 часот.

March 30, 2020 20:04
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ на Скопје, Петре Шилегов, на својот Фејсбук профил објави дека монтажната т.е полска болница е речиси завршена.

ОСУМ медицински лица и двајца пациенти од Институт за физикална медицина и рехабилитација во Скопје се позитивни на корона вирусот. Во Институтот се тестирани 46 вработени и шест пациенти. Примероците се земени на 26, 27 и 28 март. Во текот на денешниот ден се тестирани уште 16 пациенти кои во моментов се сѐ уште хоспитализирани во Заводот.

ДОПОЛНИТЕЛНАТА заменичка министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска информираше и за одредени несовесни и нечовечки однесувања на поединци, кои предизвикуваат сериозни последици врз здравјето и сигурноста на граѓаните и против кои се преземени одредени активности.

ЗА нов директор на Општата болница во Охрид е назначен хирургот Горан Балески, соопшти на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

ВО координација со граѓаните на општина Бутел, а во интерес на доброто на сите, на 12 локации низ општината Бутел денес беа поставени хранилки за бездомни кучиња.

ПРИВАТНАТА лабораторија Авицена излегува во пресрет со својот капацитет во борба против корона вирусот. На својот Фејсбук профил, лабораторијата соопшти дека оваа недела ќе биде поставен пункт во Здравствен Дом на Скопје – поликлиника Идадија, попозната како Млин Балкан.

ФРОНТ: Јане Ѓорѓиоски: Постои ли навигациска апликација да го „прибере“Мицкоски?

Во СРБИЈА во изминативе 24 часа дупло е зголемен бројот на тестирани лица и од 622 новотестирани, позитивни на корона вирусот се 44 лица, со што од 3084 тестирани вкупниот број на заразени со корона вирус се искачи на 785 лица.

ГРАДОТ Њујорк го очекува бродот болница на американската морнарица кој треба да пристигне денеска а ќе служи за сместување на обични пациенти, додека инжинерите работат на инсталација на полска болница во Централ парк.

БРОЈОТ на починати од новиот корона вирус во Италија во последните 24 часа се зголеми за 812, на 11.591, соопштија денеска италијанските власти.

ПРЕМЕСТУВАЊЕТО на Летните олимписки игри во Токио од оваа за следната година ќе ја чини економијата на Јапонија 5,8 милијарди долари.

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ на САД, Доналд Трамп и неговот руски колега, Владимир Путин денеска разговараа телефонски при што ги разгледаа состојбите на нафтените пазари во светот и проблемот со ширењето на корона вирусот.

МУЗЕЈОТ Сингер Ларен во истолниот дел на Амстердам соопшти дека сликата „Пролетна градина“ била украдена во раните утрински часови откако крадците ја скршиле стаклената врата на влезот на музејот.

 

Next Post

Германија дава 50 милијарди евра за да спречи пропаѓање на малите работодавачи

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk