ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Петиција во ЕП: Кошта да ја откаже посетата на Белград поради присуството на Вучиќ во Москва

May 10, 2025 11:14
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Известителот на Европскиот парламент за Косово, Рихо Терас објави на Х дека покренува иницијатива за собирање потписи од други европратеници за петиција со која се повикува претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, да ја откаже планираната посета на Белград.
Според него, присуството на српскиот претседател Александар Вучиќ на воената парада во Москва значи поддршка за руските воени злосторства во Украина.

Терас, член на парламентарната група на Европската народна партија (ЕПП), чиј придружен член е Српската прогресивна партија.
Кошта треба на 13 мај да биде во еднодневна посета на Белград како дел од неговата турнеја низ Западен Балкан.

Во петицијата Терас наведува дека посетата на Кошта на Србија е „многу проблематична“, со оглед на фактот дека Вучиќ вчера присуствуваше на воената парада на рускиот претседател Владимир Путин во Москва. Терас, европратеник од Естонија, изјави дека „армијата што парадира во Москва е истата армија што продолжува да извршува воени злосторства и да убива Украинци секој ден повеќе од три години“.

„Во светот на дипломатијата, ваквите посети (како онаа на Вучиќ) се далеку од чиста формалност. Тие се акти на поддршка. Затоа, присуството на претседателот Вучиќ (на воената парада) претставува одобрување на воените злосторства извршени од Путин и руската армија. Ова го потврдува фактот дека другите лидери кои присуствуваа на тој настан беа претежно од автократии и репресивни режими“, рече Терас.

Тој додаде дека таквото однесување на претседателот Вучиќ треба да биде осудено најостро, бидејќи е спротивно на вредностите на Европската Унија и на сè за што се залага блокот од 27 земји.

„Вашата посета на Србија би имала сосема спротивен ефект, бидејќи би сигнализирала дека Европската Унија го одобрува однесувањето на претседателот Вучиќ, кое е достојно за презир. Како претседател на Европскиот совет, не треба да изразувате поддршка за некој што поддржува воен злосторник. Вашата посета на Србија би имала токму таков ефект, бидејќи би била демонстрација на поддршка за претседателот Вучиќ. Затоа ве повикуваме да ја откажете вашата посета на Србија“, вели Терас во петицијата.

Српскиот претседател за време на вчерашната средба со рускиот претседател Владимир Путин изјави дека сака да верува оти Србија ќе добие многу добри и поволни услови за испорака на руски гас во наредните години. Вучиќ за белградските медиуми изјави дека тој и Путин меѓу другото, разговарале за новиот долгорочен договор за снабдување на Србија со руски гас, кој задоволува околу 85 проценти од потребите на Србија за гас. Претседателот на Србија изјави дека имал „долг, отворен, суштински и искрен разговор за сите теми“ со Путин и неговите соработници.

Тој додаде дека е задоволен од „резултатите од разговорите и вниманието и начинот на кој претседателот Путин ја прими српската делегација и почитта што ја покажа кон Србија“. Вучиќ рече дека слушнал и од Путин и од кинескиот претседател Си Џинпинг, со кого се сретна v;era, „дека тие работат заедно за да воспостават големи промени и пофер поредок во светот“.

Европскиот совет вчера објави дека Кошта ќе биде во Западен Балкан од 12 до 16 мај на турнеја, првично со посета на Србија, каде што на 13 мај ќе разговара со Вучиќ, премиерот Ѓуро Мацут и членови на српскиот парламент.  Најавено е дека по Србија, Кошта ќе ги посети Сараево, Подгорица, Приштина, Скопје и Тирана, каде на 16 мај ќе биде ко-домаќин на шестиот самит на Европската политичка унија.
Во соопштението на Европскиот совет се наведува дека за време на престојот на Западен Балкан, Кошта ќе ја нагласи важноста од понатамошно зајакнување на обновениот моментум во процесот на проширување на Европската унија и односите меѓу ЕУ и тој регион.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВучиќЕПЕУМосква

НАЈНОВО

Мастрафот си ти

May 10, 2025
Фото: Муцунски на X

Муцунски дел од министерскиот состанок на Специјалниот трибунал за злосторство агресија против Украина; Амбасадорката Дир се заблагодари за поддршката

May 10, 2025
Генерирано со ВИ

Трамп: Индија и Пакистан се согласија за целосен прекин на огнот по разговорите со посредство на САД

May 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Левица: ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка, веќе нема да требаат ни сертификати за директорско место

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ останува сон за Македонија, смелите одлуки „пекол“ за политичката елита!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk