ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Влада составена само за лични интереси е логично да се распаѓа, вели Кузеска

May 13, 2025 12:22
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По неполна година од формирање на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, таа почнува да се распаѓа. Тоа е директна потврда на она што граѓаните го чувствуваат секој ден – дека Владата на Христијан Мицкоски е нефункционална, деструктивна и целосно заглавена во сопствени интереси. За неполна година, оваа Влада почнува да се распаѓа, затоа што е составена само за да задоволи лични апетити. Коалицијата полека се ситни, затоа што нема ни причина да постои – ништо не ја држи заедно освен функциите, истакна на прес-конференција на СДСМ, портпаролката Богданка Кузеска.

Таа нагласи дека „граѓаните немаат никаква добивка од оваа власт. Сведоци сме на катастрофални економски резултати, нула реформи, распад на институции и понижување на државата на меѓународна сцена. Мицкоски е премиер без насока – ја води државата како да е приватна компанија, фокусирана само на тоа кој каде ќе се вдоми и што ќе земе. Владата не ја води со визија и храброст, туку со калкулантски однос за секое важно прашање. Јасно е деканема лидерство и одлучност во оваа Влада“.

„Нема ни трага од ветената ефикасност. Народот живее сè потешко, цените растат, платите тапкаат во место, а Владата троши милиони за луксуз и гоштевања. Додека работниците молат за повисока минимална плата, народните пари одат на папаја, манго, бејби-биф, октоподи. Додека граѓаните се борат да преживеат месец за месец, Владата живее на висока нога, како да сме во економски бум“, рече Кузеска.

Кузеска истакна дека на локално ниво, состојбата е уште пострашна.

„Општините предводени од ВМРО-ДПМНЕ се расадници на корупција. Градоначалниците се фокусирани на местење тендери, не на решавање на проблемите. Улици не се поправаат, училишта пропаѓаат, а јавните услуги се во хаос. Граѓаните се оставени сами, системот е глув и слеп за реалните проблеми“, вели Кузеска.

„Партнерите си заминуваат а граѓаните се во апатија затоа што гледаат дека оваа влада нема капацитет. Никој не треба да биде соучесник и дел пропаѓањето на државата во провалија кон која не води Мицкоски. Сите што остануваат со Мицкоски се дел од истиот проблем. Свесно ја поддржуваат штетната насока и ја носат истата одговорност. Ова е Влада без систем, без план, без резултати. Единствено што функционира во оваа влада се личните интереси. Но државата не може да се води така. Граѓаните не можат вечно да трпат заради туѓи договори, туѓи сметки и туѓи амбиции. Ова е момент за соочување со политичката вистина: Македонија нема време за експерименти, нема простор за играње држава. Потребна ни е функционална, одговорна и сериозна власт. СДСМ ќе продолжи да биде гласот на разумот и одговорноста. И оваа власт, како и сите што се градат врз лаги и интереси, ќе падне. Прашње е само колку штета уште ќе направат до тогаш“, потенцира Кузеска.

 

Tags: ВладаКузескаСДСМ
Next Post

РКЕ: Од 1 јуни македонските снабдувачи и трговци со електрична енергија ќе имаат можност да снабдуваат нови 1.000 потрошувачи од косовскиот пазар

НАЈНОВО

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk