ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Неизвесноста со корона вирусот продолжува, бројот на заболени расте, а пикот се очекува за еден месец

Досега потврдени случаи има во Дебар, Скопје, Штип, Гостивар, Охрид, Кавадарци, Куманово, Прилеп, Велес, Тетово, Струга, Битола, Струмица, Гевгелија и Крива Паланка.

March 31, 2020 07:12
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Вкупно 285 пациенти со коронавирус се дијагностицирани во државава, 12 се излекувани и испишани од болничко лекување, а седум се починати. Коронавирусот не бира  повозрасни, млади или деца, здрави или болни. По нешто повеќе од еден месец кога во земјава беше регистриран првиот позитивен случај на коронавирусот, бројот на заболени секојдневно расте. Досега потврдени случаи има во Дебар, Скопје, Штип, Гостивар, Охрид, Кавадарци, Куманово, Прилеп, Велес, Тетово, Струга, Битола, Струмица, Гевгелија и Крива Паланка.

На Клиниката за инфективни болести има вкупно 47 хоспитализирани со коронавирус од кои тројца се поставени на механичка вентилација на возраст од 50, 63 и 67 години, а на кислородна поддршка се дополнителни девет пациенти, а стабилна е состојбата на пациентите во сите други градови.

 

– Пикот на коронавирусот во државава го очекуваме за еден месец, на крајот на април. Тоа се проценките на епидемиолозите согласно типот на раст на број на пациенти, но и согласно мерките што беа воведени во изминатиот период, пред се во рестрикциите на движење, во ограничувањето на социјалните контакти, истакна министерот за здравство Венко Филипче.

Според него, добро е што бројот на случаи се зголемува линеарно што значи дека здравствениот систем има капацитет да ги прими сите пациенти. Досега спроведените мерки, потенцира министерот, се сосема доволни и дека полицискиот час, целосното ограничување на движењето, ограничувањето на движењето на повозрасните лица на возраст над 67 години и нивното немешање со лицата на возраст до 18 години е нешто што очекуваме да даде резултат.

Граѓаните треба да ги почитуваат мерките за изолација, самоизолација и полицискиот час со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Во меѓувреме, Владата ги повика граѓаните доколку имаат симптоми типични за коронавирус, како температура, треска, кашлица, отежнато дишење, да се јават телефонски кај нивниот матичен лекар.

– Јавете се телефонски, не одете директно во посета. Матичните лекари преку епидемиолошка анкета ќе утврдат дали треба да се тестирате или не. Доколку треба, преку системот „МојТермин“ тие за вас ќе закажат точно време и место за тестирање, пишува во апелот на Владата.

Филипче информираше дека освен досегашните 14 пунктови за тестирање на територијата на целата земја за земање брисеви кои се веќе објавени на сајтот на „МојТермин“, од вчера во функција е и уште пункт за тестирање во Поликлиниката во Чаир, а од утре и пунктот во Поликлиниката Идадија.

Во следните денови во сите други градови освен пунктовите за земање брисеви во центрите за јавно здравје согласно големината на градот, појасни министерот, ќе има уште еден или два пункта во рамките на Здравствениот дом, каде стручни лица, здравствени работници ќе ги земаат материјалите и ќе ги испраќаат на тестирање во лабораторијата во Институтот за јавно здравје.

– Завршена е анализата и посетата на стручната комисија на приватните лаборатории. Со нивното вклучување, согласно договорите што ќе се направат со Фондот за здравствено осигурување, капацитетот значајно ќе се зголеми. Имаме на располагање сосем доволен број на тестови. 20.000 теста како донација веќе се на пат кон нашата земја, освен тестовите со кои што сега во овој момент располагаме и 5.000 тестови донација од една приватна наша лабораторија која што ќе се вклучи во системот на изработка на анализите на брисевите земени од пунктовите ширум државата, истакна министерот Филипче.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Младите не се проблем, туку шанса, да ја искористиме таа шанса, порачува Чупеска

May 19, 2025

Герасимовски: Отворен повик за изработка на мини мурали и графити поврзани за македонското писмо и јазик

May 19, 2025

Обвинение за загрозување на сигурноста на судија во Гостивар

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • АД МЕПСО: Поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија дојде до краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистиката на папската облека и прстенот – симболи на моќ, жртва и светост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk