ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Кошта: Го охрабрувам премиерот Мицкоски да ги вложи своите напори за да го овозможи натамошниот напредок во процесот на ЕУ

May 15, 2025 13:39
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Северна Македонија заврши многу работа и затоа треба да останете на тој правец. Пристапниот процес е повеќе маратон, а не брза трка, тоа е напорен процес што понекогаш може да фрустрира, како што се случило и со сите претходни кандидати. Но сите тие ја постигнаа целта, секако и вие ќе ја постигнете целта но со вашата решеност, напорна работа и соработка, ќе успеете на крај со заобиколување на пречките, изјави претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски.

Кошта истакна дека проширувањето на ЕУ е најдобра стратешка инвестиција во мир, стабилност што сите може да ја направиме. Тој ја поздрави работата на Владата во поглед на реформската агенда, и напредокот што веќе беше постигнат, нагласувајќи дека иднината на Северна Македонија е во ЕУ.

-Го охрабрувам премиерот да ги вложи своите напори за да го овозможи натамошниот напредок. Може да сметате на нас, на ЕУ, затоа што ние ви стоиме на располагање подговтвени да ја искористите оваа динамика. Клучно е да се продолжи со реформите и да се инвестира во владеењето на правото и борбата против корупцијата. Сакам да ја уважам и вашата усогласеност со нашата заедничка надворешна и безбедносна политика, потенцира Кошта.

Премиерот Мицкоски од своја страна истакна дека нашата посветеност во процесот на ЕУ ќе се засили во процесот што следува и оти достоинствено ќе го одблокираме европскиот пат.

-Нашата поветеност во процеот на ЕУ ќе се засили во процесот што следи, затоа што веруваме дека нашата иднина е во европското семејство – како што кажа претседателот на Совето Кошта, патот до ЕУ е фрустрирачки, но граѓаните на оваа земја го одеа и најтешкиот пат. Се надевам дека во периодот што следи ќе го одблокираме достоинствено европскиот процес и достоинствени ќе бидеме дел од европското семејство, нагласи премиерот Мицкоски.

Tags: ЕУКоштаМицкоскипроцес
Next Post

Халанд ја опиша сезоната на Сити како „ужасна“

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Европратеници бараат ЕК да реагира на протестите и насилството во Србија

August 16, 2025

Зеленски: Без трилатерална средба, треба да следуваат построги санкции за Русија

August 16, 2025

Стармер: Зеленски мора да учествува во идните мировни преговори

August 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Клучни заклучоци од самитот на Трамп и Путин во Алјаска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карл Билд: Каква порака сака да испрати Лавров  кога се појави во Алјаска со маица на СССР?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk