ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Општинскиот кризен штаб од Kочани со нови мерки за заштита од ширење на Ковид-19: Дезинфекција на возилата и затворање на повеќенаменските игралишта

Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев направи пресек на преземените мерки, истакнувајќи дека досегашната навремена реакција со начини што овозможуваат социјална дистанца придонесува Кочани да нема заразени од корона вирусот.

March 31, 2020 13:07
in ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Дезинфекција на трите сообраќајни влеза во Кочани и затворање на повеќенаменските
игралишта се новите мерки за заштита и спречување на ширење на болеста КОВИД-19,
што ги определи Општинскиот кризен штаб – Кочани на денешниов состанок.

Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев направи пресек на преземаните
мерки, истакнувајќи дека досегашната навремена реакција со начини што
овозможуваат социјална дистанца придонесува Кочани да нема заразени од
корона вирусот. За да се намалат ризиците за ширење, Илијев предложи третман на
возилата на влезовите и затворање на повеќенаменските игралишта по примерот на
детските.

Службите од Центарот за јавно здравје истакнаа дека термини за тестирање има и дека
матичните лекари можат да резервираат. Поради тоа што во периодот кој доаѓа ќе има
поголема потреба од заштитни маски и визири, повикаа граѓаните да не се расфрлаат и
да не ги злоупотребуват резервите од опрема што ги имаат набавено досега.

– Состојбата е крајно сериозна и ние ќе ги искористиме сите мерки за поддршка на
локалниот бизнис. Конфекциите изработуваат маски од текстил, многу од нив
донираат и ако има потреба, може да се ублажи состојбата со такви маски. Ќе
продолжиме да помагаме и со дезинфекција во приватниот сектор. Останува да ја
контролираме состојбата, да водиме грижа и да ги надминеме што поскоро овие тешки
времиња – истакна градоначалникот Илијев, повикувајќи сите да се однесуваат
одговорно кон сопственото и јавното здравје.

Лекарите коишто се членови на Кризниот штаб упатија апел граѓаните да не одат во
болница, туку да добиваат упатства за натамошните постапки по телефон.

Next Post

Втор сет мерки на Владата за спас на економијата

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk