Ешли Лоренс, студентка од Кентаки чии студии се поврзани со образованието на глуви лица или лица со оштететн слух, сфатила дека заштитните маски ги ограничуваат овие луѓе бидејќи некои од нив се потпираат на читање од усни.
Ешли го користи своето слободно време за да изработи вакви маски.
21-годишната Лоренс исто така вели „Сите паничиме моментално и на многу групи луѓе не се ни мисли сега. Затоа си помислив дека и во вакво време, сите луѓе треба да имаат услови на нормална комуникација.“
За маските таа употребува стари чаршафи и пластика, а делот кај устата е проѕирен за да можат оние со оштетен слух да комуницираат со читање од усни.