ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Лидерска средба ЕУ – Западен Балкан во Скопје, фокус на Планот за раст

July 1, 2025 08:10
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН

Во Скопје денеска ќе се одржи лидерскиот самит на Европската Унија и Западен Балкан посветен на Планот за раст кој ќе биде можност за евалуација на постигнатиот напредок и дефинирање на следните чекори за зајакнување на европската интеграција на регионот.

На самитот чиј домаќин е премиерот Христијан Мицкоски, учествуваат  еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос и лидерите од Западен Балкан, како и министри, високи претставници од Европската унија, регионални организации и меѓународни институции.

Во рамки на лидерската средба ќе се одржат два панела од кои првиот ќе биде посветен на Планот за раст на Западен Балкан и на него ќе се обратат премиерот Мицкоски и еврокомесарката за проширување, по што ќе следи заедничка прес-конференција.

Вториот панел ќе биде посветен на конкретните механизми и поддршка за спроведување на Планот за раст.

Премиерот Мицкоски вчера во Владата одржа средба со еврокомесарката за проширување Кос, на која ја истакнал определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински реформи во клучните области.

-На средбата се разговараше за европската перспектива на регионот, со фокус на спроведувањето на реформите, реализацијата на Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан и унапредувањето на соработката со европските институции. Ја истакнав цврстата определба на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински реформи во областите на владеењето на правото, економскиот развој и дигиталната трансформација, напиша Мицкоски на неговиот официјален фејсбук профил.

Еврокомесарката Кос, посочува тој во објавата, ја поздравила реформската агенда на Владата и ја потврдила поддршката на Европската комисија за напредокот на регионот на европскиот пат.

Премиерот нагласил дека средбата претставува потврда за зголемената улога на државата во регионалните и европските процеси, како и признание за новата енергија со која Владата ги води реформите и создава предвидлива и стабилна иднина за сите граѓани.

Мицкоски синоќа во Скопје ги пречека и лидерите од регионот кои ќе учествуваат на самитот.

-Имав чест да сум домаќин на лидерите на државите од Западен Балкан и ЕУ. Скопје е домаќин на важен настан, и оваа прилика ја користиме за лобирање за македонските интереси и политики, објави на фејсбук профилот премиерот Мицкоски.

Инаку на Меѓународниот аеродром во Скопје Кос беше пречекана од шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски, кој оцени дека евроинтеграциите не се само декларативна заложба, туку и јасна стратешка определба на Владата.

– Н состанокот на лидерите од ЕУ и Западен Балкан, фокусот ќе биде ставен на Планот за раст, реформската агенда, како и на предизвиците со кои се соочуваат нашата држава и регионот на патот кон полноправно членство во Европската унија, објави на неговиот официјален фејсбук профил Муцунски.

Евокомесарката за проширување вчера во пресрет на официјалниот почеток на Самитот на лидерите од Западен Балкан, оствари средба и со министерот за европски прашања, Орхан Муртезани.

Во разговорите, како што соопштија од МЕП, Муртезани ги истакнал резултатите кои земјава досега ги постигна во спроведувањето на Планот за раст, кој е носечка тема на Самитот, како и Реформската агенда 2024-2027.

-Еврокомесарката Кос ги поздрави посветеноста и реформските напори на Владата, посебно во делот на успешно реализираните реформи, новоусвоените закони и динамиката на спроведување на приоритетните мерки во повеќе клучни сектори како што се: управување, енергетика, зелена транзиција, дигитализација, развој на човечкиот капитал, бизнис климата и владеење на правото. Комесарката ја охрабри Владата да продолжи со оваа динамика на реформи, истовремено укажувајќи на важноста од искористување на актуелниот момент за натамошен напредок и надминување на преостанатите предизвици, се наведува во соопштението.

Посетата на еврокомесарката за проширување на земјава минатата недела ја најави Европската комисија која соопшти дека Кос доаѓа во Скопје на средба со лидерите од Западен Балкан за Планот за раст и дека покрај премиерот Мицкоски, на средбата ќе присуствуваат и лидерите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора.

Поради одржувањето на лидерската средба, овие два дена во Скопје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во поширокото централно градско подрачје. Од Министерството за внатрешни работи апелираат до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.

Tags: ЕУЗападен БалканСкопје
Next Post
Фото: МИА

Сончево со температура до 38 степени

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Ливерпул со спектакуларна победа го отвори првото коло во Премиерлигата

August 15, 2025

Почнаа разговорите меѓу Трамп и Путин

August 15, 2025
Фото: Профил на Х, Карл Билд

Карл Билд: Каква порака сака да испрати Лавров  кога се појави во Алјаска со маица на СССР?

August 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Уапсени демонстранти во Нови Сад на колена, со лисици и главите потпрени на ѕидот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: 11 часа по објавата на кандидатурата за градоначалничка, полицијата ми врачи кривична пријава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уште еден отказ на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk