ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Калас: Русија да прифати одговорност за соборувањето на авионот на „Малезија Ерлајнс“ во 2014 година

July 18, 2025 09:31
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Европската Унија го повторува својот повик до Русија да ја прифати својата одговорност за соборувањето на авионот на „Малезија Ерлајнс“ при што загинаа 298 невини жртви, вклучувајќи и 80 деца, од 17 националности, од кои повеќето европски граѓани, и целосно да соработува во напорите за спроведување на правдата, порача денеска високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас во изјава по повод 11-годишнината од падот на малезискиот авион на летот MH17 на територијата на Украина на 17 јули 2014 година.

– Изразуваме најдлабоко сочувство до семејствата и најблиските на жртвите. Европската Унија ја повторува својата целосна поддршка за сите напори за утврдување на вистината, правдата и одговорноста, во согласност со Резолуцијата 2166 на Советот за безбедност на ОН, истакна Калас.

Таа додава дека ЕУ ја поздравува пресудата на Европскиот суд за човекови права од 9 јули 2025 година и одлуката на Советот на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ИЦАО) од 12 мај 2025 година, според кои Русија е одговорна за соборувањето на авионот и за смртта на 298 лица.

– Судот, исто така, утврди дека Руската Федерација е одговорна за дополнителното страдање што овие настани им го нанесоа на најблиските на жртвите. Советот на ИЦАО заклучи дека Руската Федерација ја прекршила забраната според меѓународното право за употреба на оружје против цивилни воздухоплови во лет. Во својата одлука донесена на 30 јуни 2025 година, Советот на ИЦАО им наложи на (подносителите) Австралија и Холандија и на (тужениот) Руската Федерација да започнат преговори со добра волја за целосна отштета за соборувањето на авионот на летот MH17, додава Калас.

Според неа, Пресудата на Европскиот суд и одлуката на Советот на ИЦАО се важни чекори кон вистината, правдата и одговорноста за сите жртви на летот MH17 на релација Амстердам – Куала Лумпур, нивните роднини и најблиски.

Tags: КаласМалезија ерлајнсРусија
Next Post

МОК ќе ја претстави македонската младинска олимписка делегација на ЕМОФ Скопје 2025

Shortcut

Најново

СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

August 19, 2026
Фото извор: UNHCR

ЦИВИЛ: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026

Кои се придобивките од работата од дома?

August 18, 2026

34 Години Армија на Република Северна Македонија: Традиција, чест и колективна безбедност

August 18, 2026
Снимка од експлозија што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

August 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk