Министерот за здравство Азир Алиу информираше денеска дека за хонорарците од Клиничката болница во тек е вториот конкурс за административни работници.
По завршувањето и на тој конкурс ќе чекаат извештај од болницата за да се тестираат кандидатите. Тој соопшти дека како Министерството за здравство, ги завршиле административните процеси за медицинскиот персонал, доктори и медицински сестри
– Тој конкурс веќе заврши, чекаме од болницата да ни пратат извештаи за да може да се процесира понатаму од наша страна со испитите за доктори за медицински сестри. Вториот конкурс сè уште е во тек, тоа е за административни работници. Крајно време беше институцијата да биде стабилна со човечки ресурси кои знаат каде работат и го имаат тој документ. Но, исто така и за нив и за нивните семејства, за да бидат сигурни дека тоа работно место е нивно, рече Алиу во Тетово, каде се претстави план за уредување на Меморијален парк за жртвите од пожарот во модуларната болница.
Хонорарно ангажираните луѓе во Тетовската клиничка болница во мај и јуни, протестираа со цел да добијат вработувања на неопределено време. Првиот оглас беше објавен на 24 јули.