ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ТРИЧКОВСКИ

Независноста се покажа потешка и попонижувачка од ропството!

August 2, 2025 09:31
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ТРИЧКОВСКИ, ФРОНТ
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Нема позаебан момент за пишување на колумна од овој во кој се наоѓа мојата маленкост на само неколку часа пред обраќањето на Големиот водач.

Урби ет орби.

На нацијата и светот.

Оти само Господ знае, па и за него не е сугурно, колку во Обраќањето на неговата војводска преузвишеност, ќе бидат гигантски ренесансните подвизи на македонскиот народ, добро, и на другите граѓани, но пред сѐ на македонскиот народ, на чие име во катастарот на Историјата е запишана оваа земја, и колку уште погигантски, злонамерни и злосторнички, ќе бидат детектирани обидите на Европа, на Бугарија, на сдсм, на дуи и на фенг шуи, да нѐ уништат како национална посебност со свој вековит јазик, историја и култура, за вековитата борба за национална слобода, да не правиме муабет.

Каква смисла ќе имаат моите анализи на смртоносната заглавеност на Македонија и на македонски народ, сосе другите помалку важни граѓани, во злосторничките политики на власта, ако ХМ каже дека до крајот на овој револуционерен месец, Македонија ќе го заврши пловниот канал од Дојран до Егејот и од наша и од грчка страна, всушност низ таа чиста вековита македонска територија. Да можат да ни доаѓаат крузери, носачите на авиони на нашиот пријател Трамп, јахтите на Безос и Цукерберг (Маск не го пуштаме), па и на нашите олигарси кои сега стојат врзани во некои странски пристаништа. Нагласувајќи дека мисли на јахтите, не на олигарсите.

Така што, предлагам да исчакаме.

Во меѓувреме, можеме да се забавуваме со Борис Буден, Адорно, Гомбрович, Арнолд Гелинкс и некои мои егзибиции со кои ќе ја изразам својата љубов кон Македонија.

Но, најпрво, една патеписна забелешка од книгата „Тука се сретнуваме“ на Џон Бергер, табла под едно необично дрво, кедар со крошна во форма на огромен чадор, на некој плоштад во Лисабон:

„Јас сум дршка на твојот ашов, врата на твојата куќа, дрво на твојата колепка и дрво на твојот ковчег.“

Што во Македонија има таква библиска идентификациска сеопфатност, далеку над сегашноста, над режимите, над водачите и над славните јунаци што стануваат од гробовите да му турат уште некоја сопка на народот како кога биле живи, па да си се вратат во дупките.

Табакерата на Гоце?

Брадата на Јане?

Крушевската пиздарија?

Светите букви на мракот?

Борис Буден ја завршува својата анализа на посткомунистичкиот свет со едно навраќање на Адорно.

Во нашата волја за промени премногу лесно го потиснуваме фактот дека обидот радикално да го промениме нашиот свет во било кој негов домен, е осуден на немоќ. Затоа, Адорно го предлага следното: “Кој сака да менува тоа може, веројатно, само на тој начин што самата немоќ, и својата сопствена, ќе ги направи аспекти на она што го мисли и, можеби, на она што говори.“

Значи, се само не гигантизми, не ренесанси во форма на еспресо кафе, Македонија не е љубовница која кој било ќе ја освои така што ќе ѝ ја симнете Месечината.

Полека, бе, комити.

Читајте го Адорно за да станете свесни за немоќта од Македонците да направите мајмуни. Од некои да, од други – некое време, ама од сите за сите времиња – не!

Можеби веќе сум го цитирал Витолд со парчето кое мислам дека е многу згодно за денот на Републиката што умира. Во блага македонизирана форма, тоа изгледа вака:

„Воздухот на слободата ни е даден за да пристапиме кон пресметка со многу поголем непријател од досегашните угнетувачи – пресметката со себе. После борбите со непријателите, нѐ чекаше борбата со Македонија. Така што, не е чудо што независноста се покажа потешка и попонижувачка од ропството. Додека бевме обземени со бунт против освојувачите, прашањата: кои сме? што треба со себе да сториме? како да беа успиени – но независноста ја разбуди загатката што спиеше во нас.

Со добивањето на слободата, пред нас се постави проблемот на постоењето. За такво нешто, за стварно да почнеме да постоиме, моравме себе да се преработиме. А таквата преработка беше над нашите моќи и ориентации, нашата слобода беше привидна, во самата структура на народот постоеја лагата и насилството кои ги реметеа нашите ппстапки.“

Туку се јавија два проблема: прво, сдсм кога беше доминантна сила, одби да се пребори со Македонија и одби да ги преработи Македонците за трката во новото време, а вмро прифати да го заземе тој простор со својата мисија за преработка на Македонците во флотантна маса, јас би рекол, во мелено месо, не во луѓе на модерноста, дури не ниту на конзервативната модерност, ако може така да се каже, туку на преработка во плескавици, кукуреци и селско месо.

Во храна и говна.

На радост на широките народни маси.

Јас би рекол, правилен и закономерен развој на настаните.

Иако тажен.

Многу тажен.

Различни делови и поединци од народот се во различни фази на преработката: некои се колат, некои се дерат, некои се мелат, некои се пржат и печат, некои се јадат, а некои се серат. Анализата на остатоците од фекесот залепени на влакната околу анусот на војводите, таканаречените бумтринкетс, можат да покажат кои Македонци претходниот ден се изедени.

Прва и најважна особина на природата е непрекинато движење, а тоа движење не е друго, туку непрекинато нижење на злосторства и таа го обновува движењето токму со тие злосторства.

Рекол Де Сад.

Македонија е феноменална потврда на неговата револуционерна теорија.

Во изведба на вмро и лудаците од Чаир.

Во ваква ситуација, бесмислено е да ја арчите енергијата, обидувајќи се да го контролирате своето тело во надворешниот свет (Арнолд Гелинкс).

Особено ако сте луди или изгледате лудо.

Можат да ве турат министер за нешто.

Во Заводот за статистика велат дека во Македонија нема невработен луд човек.

Сите се  на високи позиција во власта.

Најлудите се на највисоки  места, нормално.

Така се создава неподнослив структурен проблем кој ја прави Македонија неодржлива.

***

Добро е што премиерот не оди во Крушево.

Што бара македонски премиер на прославата на една инфантилна бугарска провокација.

Тоа е знак на добра воља на македонската страна проблемите да се решаваат со ослободување на македонскиот балон од вреќите со бугарски песок.

Така ми се чини, јеби га!

Целите на вмро се антимакедонски, но не е исклучено дека ќе завршат со зацврстување на елементите против кои се борат: со ослободување од вмро и победа на Македонија.


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Се одбележуваат 122 години од Илинденското востание и 81 година од Првото заседание на АСНОМ

НАЈНОВО

Новиот Кривичен законик во Албанија ја загрозува слободата на изразување, алармираат од ЕУ и албански експерти

August 2, 2025

УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

August 2, 2025
ВИ

Ројтерс: САД и НАТО развиваат нов механизам за финансирање на трансфер на оружје за Украина

August 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Независноста се покажа потешка и попонижувачка од ропството!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишко Ралев ‘прелета’ во тимот на Орце Ѓорѓиевски за Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сончогледите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова со реакција за преминот на Ралев: „Каприциозните мегаломански очекувања не смеат да ги прегазат принципите“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk