ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

August 18, 2025 11:36
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Изјавите дека „платите растат 11, 12 или 13% на месечно ниво“ не се само неточни, туку претставуваат и навреда за граѓаните кои секојдневно се борат со сè поскап живот. Доколку овие бројки беа вистинити, тоа би значело дека за шест месеци платите би пораснале за повеќе од 60%, а за една година над 130%. Реалноста, меѓутоа, е сосема поинаква – цените секојдневно растат, а платите речиси стагнираат.
Опозициската СДСМ остро ги критикува изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека „платите растат по 11, 12 и 13 проценти месечно“, оценувајќи ги како навреда и потценување на македонските граѓани.

– Каде растат платите месечно по 11, 12 или 13 проценти? Според ваквите тврдења, за шест месеци би пораснале за 66%, а за десет месеци дури 110%. Реалноста е сосема спротивна. Цените растат, а платите стагнираат, граѓаните тешко врзуваат крај со крај, наведуваат од СДСМ.

Според партијата, статистичките податоци го потврдуваат тоа: вредноста на синдикалната потрошувачка кошница од март до јули се зголемила за 3.473 денари, додека просечната нето-плата во истиот период пораснала само за 1.033 денари.

– Македонија останува четврта најсиромашна држава во Европа, а Мицкоски не поддржува зголемување на минималната плата на 500 евра. Во пракса, работниците добиваат мали примања, додека власта ужива во луксуз, велат опозиционерите.

СДСМ додава дека „тврдењата на Мицкоски за економски бум се само изговор за одржување на ниските плати и привилегиите на власта“.

Според официјалните податоци, синдикалната потрошувачка кошница за само четири месеци (март–јули) е зголемена за над 3.400 денари, достигнувајќи повеќе од 65.300 денари. Тоа значи дека за една четиричлена фамилија се потребни најмалку 1.060 евра за основен живот. Во истиот период, просечната нето-плата е зголемена за само 1.000 денари – бројка која е далеку од реалните потреби на граѓаните.
Додека граѓаните бројат денари за да обезбедат основна егзистенција, власта продолжува да живее во луксуз: скапи службени возила, патувања со приватни авиони и трпези со егзотично овошје. Овој длабок контраст создава чувство на двоен реалитет – народот во сиромаштија, политичката елита во комфор.

Ниските плати и недостатокот на перспектива произведуваат нов бран на иселување. Секој месец стотици млади заминуваат кон Германија, Италија, Швајцарија или Австрија, каде минималната плата е повисока од просечната македонска плата. Тоа не е само статистика – тоа е жива потврда дека системот не нуди надеж.

Иако властите зборуваат за економски бум и високи стапки на раст на платите, реалноста што ја чувствуваат граѓаните е сосема поинаква. Во маркетите и продавниците, на сметките за струја и нафтените пумпи, вистината е видлива: цените растат, платите мируваат.

Македонија денес е земја каде работникот работи многу, а заработува малку. За народот – преживување, за власта – луксуз. Тоа е суровата вистина која не може да се скрие зад никаква пропаганда.

Дестан Јонузи

Tags: властМакедонијаплатисиромаштијаСкопје
Next Post

Утре локален пороен дожд, од среда до петок стабилно, за викендот повторно врнежи

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk