ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мисајловски: Триесет и трети роденден на Армијата – 33 години напредок, 33 години безбедност на татковината и сигурност на граѓаните

August 18, 2025 14:10
in Uncategorized, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Министерство за одбрана

Фото: Министерство за одбрана

Share on FacebookShare on Twitter

Македонската Армија денеска го слави својот 33-ти роденден, а тоа се 33 години напредок, 33 години безбедност на татковината и сигурност на граѓаните, истакна во свое обраќање на централната свеченост по повод одбележувањето на Денот на Армијата – 18 Август во Касарната „Јане Сандански“министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

-Денес, можам да потврдам дека столбовите на кои ја градиме Армијата и одбранбените сили стојат цврсто. Буџетирањето на одбраната е на високо ниво, а така и ќе продолжиме: Силно сме посветенида ја зајакнеме нашата одбрана со исполнување на заложбите за инвестиции во одбранбените ресурси согласно одлуките на Самитот на НАТО во Хаг, и сакам да се заблагодарам на Премиерот и на Владата за целата поддршка. Инвестициите во одбраната ги гледаме на дело. Средствата кои граѓаните ги вложуваат во нашата одбрана ги инвестираме плански и домаќински. А, резултатот го гледаме пред нас – во новите лесни оклопни и инженериски возила, во новите артилериски орудија „Боран“ кои неодамна ги промовиравме, во нова и напредна опрема која ни овозможува да кажеме: македонската Армија е НАТО Армија, вели Мисајловски.

Тој додаде дека минатата недела пристигнаа уште 29 нови лесни оклопни возила од американско производство со што бројот на овој тип возила наменети за македонската Армија се искачи на 67 од вкупно 96 кои се предмет на набавка. Министерот Мисајловски најави и дека годинава, арсеналот на возила ќе се зајакне и со пристигнување на дел од оклопните возила Stryker.

-Набавуваме и опрема за пешадија како вооружување со мал калибар – автоматски пушки, митралези, фрлачи на гранати, униформи, чизми и се што е потребно за нашите припадници беспрекорно да ги извршуваат своите задачи. Тука е и АБХО опремата, како и инженерските машини и опрема. Споменатите артилериски системи „Боран“ набавени од сојузничка Турција се веќе дел од армискиот арсенал. Набавуваме и напредна комуникациско – информатичка опрема и опрема за сајбер – одбрана и криптозаштита, која е дел од седумте договори кои ги потпишавме со САД од декември минатата година. Во овие договори се вклучени набавки за беспилотни системи, опрема за извидувачките и разузнавачките единици, опрема за специјални сили, лесно пешадиско вооружување, средства за лична заштита и Комплет за контрола на здружен оган. А покрај овие договори тука е набавката на системот за против оклопна борба JAVELIN кој ќе биде вграден во дел од оклопните возила JLTV и STRYKER, рече Мисајловски.

Тој истакна и дека во тек е и проектот за набавка на ,,Специјални возила за посебни намени“ со кој ќе се обезбеди опремување со товарни и специјални моторни возила кои ќе ја засилат мобилноста и снабдувањето на единиците на Армијата. Продолжува и набавката на нови хеликоптери кои значително ќе ни помогнат, вели, во овие периоди кога се справуваме со пожарите на целата територија.

-Армијата ја градиме и преку одличните билатерални односи со нашите сојузници. Посебно со Соединетите Американски Држави кои нè поддржуваат во континуитет со сериозни финансиски средства. Обединетото Кралство нè поддржи со индивидуална опрема, а со Турција склучивме договори за набавка на околу 4.000 комплети борбени униформи кои очекуваме да пристигнат веќе во септември, а во дополнителна постапка и во процес сме за околу 3400 пара чизми и 1800 комплети борбена униформа. Со поддршка од околу 38 милиони евра од Европскиот мировен фонд склучивме договори за набавка на медицински возила, инженериски машини, дозери, наторувачи, симулатори за пациенти, одела за деминери, робот за уништување на неексплодирани средства, влечни возови, генератори и друга опрема, изјави Мисајловски.

Меѓу инвестициите е и што во Министерството за одбрана функционира и единствениот НАТО – акредитиран центар во нашата држава – Регионален центар за односи со јавноста кој е уникатен во сојузничката мрежа на центри за обука по тоа што е единствениот кој е целосно посветен на развој на оваа значајна област. Министерот Мисајловски во своето обраќање истакна дека и во финална фаза е и приемот на 300 нови професионални војници.

-Особено ми е драго што денеска со нас се нашите нови лидери, дваесет и шест нови потпоручници кои по четиригодишно школување на Воената академија, веќе го започнаа својот пат во редовите на Армијата како офицери. Тие се нашата иднина! Со нас се и дел од новите 149 подофицери кои се одзваа на повикот и кои ќе го зацврстат суштинскиот сегмент на Армијата, подофицерскиот кор, рече Мисајловски.

Министерот за одбрана, Мисајловски на припадниците на Армијата им порача дека грижата за човечките капацитет е основата на секоја добро организирана Армија.

На свеченоста во Касарната во Штип, се обрати и претседателката на државата и врховен командант на вооружените сили, Сиљановска-Давкова која денеска, со орден за воени заслуги го одликуваше Центарот за обука на питомци и офицери којшто едуцира и создава генерации посветени и професионални офицери и подофицери. Воедно им оддаде признание и на прворангираните питомци и слушатели на основниот курс за подофицери и на новопроизведените и промовирани офицери и подофицери.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: армијаМисајлоски
Next Post
Борче Стаменов

Борче Стаменов од „Донирај компјутери“ и Ирфан Ахмети добитници на државната награда „Мајка Тереза“ за 2025 година

НАЈНОВО

Скриншот

(ВИДЕО) Реакција од Белата куќа на шегата на Еди Рама со Макрон и Алиев

October 3, 2025

Герасимовски: Имаме 120 хигиеничари кои деноноќно работат заради нефункционалноста на Комунална хигиена

October 3, 2025
Фото: СДСМ

Филипче од Струга: Со конкретни мерки ги штитевме граѓаните во секоја криза, ВМРО-ДПМНЕ ги остави сами

October 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: Фронтлајн

    „Мисијата е силен застапник на Охридскиот рамковен договор“ – ОБСЕ со порака по одлуката за укинување на двојазичноста на униформите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Изјавите на Мицкоски за Кочани се апсолутен недостаток на емпатија и се на граница на социопатија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Струмичанката Тина Русева блесна на „The Voice of Germany“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Реакција од Белата куќа на шегата на Еди Рама со Макрон и Алиев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk