ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025 14:26
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА

Пишува: ДЕСТАН ЈОНУЗИ

Иако изборната кампања фактички е веќе започната, ВМРО-ДПМНЕ сѐ уште нема објавено кандидати за градоначалници за повеќе клучни општини како Центар, Прилеп, Кочани и уште неколку поголеми градови. Од ВМРО ДПМНЕ велат дека „анализите се во тек“ и дека конечните имиња ќе бидат познати во првата половина на септември, пред крајниот рок за пријавување. Но, зад оваа калкулација се крие подлабок политички сигнал.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски отворено најави дека партијата нема намера да настапи со кандидати во сите општини, особено не во западна Македонија – региони каде што мнозинството граѓани се Албанци. Практично, тоа значи откажување од натпревар во општини како Чаир, Струга, Гостивар или Тетово, каде што со години ВМРО-ДПМНЕ и онака нема реални изгледи за победа.

Со ваквиот потег, ВМРО ДПМНЕ испраќа порака дека фокусот е на „сигурните“ општини каде што може да освои власт, но истовремено го потврдува впечатокот дека во западниот дел на земјата – ВЛЕН е клучната и единствена адреса на ВМРО ДПМНЕ.

Откажувањето од кандидати во општини со албанско мнозинство е двосек меч за Мицкоски. Од една страна, тоа е рационална калкулација – партијата да не троши ресурси таму каде што нема изгледи за успех. Но од друга страна, со тоа ВМРО ДПМНЕ практично му предава простор и легитимитет на ВЛЕН, која веќе се наметна како главен политички конкурент на ДУИ и нејзината коалиција кај албанскиот електорат.

Ако ВМРО-ДПМНЕ настапува само во „своите“ средини, тогаш во албанските средини битката останува исклучиво помеѓу ВЛЕН и ДУИ.

Другата димензија на калкулацијата е односот со коалицискиот партнер ЗНАМ. Мицкоски призна дека „многу блиску се до договор“ за заеднички кандидати за Центар и Куманово, а се тестираат уште две-три општини. Ова значи дека ВМРО-ДПМНЕ не само што ги одложува објавите, туку и тактизира со коалициските апетити.

Но токму тука се гледа јазот – во македонските урбани средини како Центар и Куманово, ВМРО ДПМНЕ мора да преговара и да попушта, додека во албанските општини едноставно се повлекува.

ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде да го продаде ова како „стратегиска распределба на сили“ и рационален пристап кон изборите. Но, за јавноста, впечатокот е дека партијата едноставно се откажува од една третина од територијата на државата.

Tags: ВЛЕНВМРО-ДПМНЕДУИЗНАМЛокални избори 2025
Next Post

Косово со зголемен пораст на самоубиства, организации бараат поголема поддршка за маргинализираните групи

НАЈНОВО

(ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

August 20, 2025

Мицкоски вели „јасен е победеникот на локалните избори, а тоа е владејачкото мнозинство“

August 20, 2025
Фото: Фронтлајн

Одложено судењето за предметот „Адитив“

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk