Општина Центар најавува уште една музичка вечер во рамки на летната програма „На одмор сум, во Центар сум“. Во среда, 27 август, со почеток во 19 часот, во Паркот на Франкофонија ќе се одржи концерт на популарниот млад артист Јанг Дади.
Настанот ќе започне во 19 часот со настап на Сани и Стела, како и активности за најмладите посетители, а главната музичка програма ќе продолжи од 20 часот, кога на сцената ќе се појави Јанг Дади.
Како што информираат од Општина Центар, влезот е бесплатен за сите посетители.