ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Српската Алта Груп ја менува стратегијата за преземање на Стопанска банка Битола

August 26, 2025 15:48
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН

Македонската Комисија за хартии од вредност (КХВ) ја запре постапката во која српската компанија Алта Груп требаше да ја преземе Стопанска банка Битола. Постапката, според КХВ, е запрена по барање на српската фирма поради промена на преземачот во рамки на групацијата. Во кратката ценовно чувствителна информација објавена на Македонската берза, се вели дека Алта Груп сè уште има намера да ја преземе Стопанска банка Битола, но не преку Алта Банка туку преку друга членка на групацијата.

„Известуваме дека согласно член 22, став 1 од Законот за преземање на акционерски друштва, Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија, на ден 25.8.2025 година … постапувајќи по барањето на Алта Гроуп ДОО Белград, Р. Србија за добивање дозвола за понуда за преземање на акционерското друштво Стопанска банка а.д. Битола, на својата седница одржана на ден 19.08.2025 година донела Решение со кое постапката се запира поради промена на преземачот во рамки на истата групација“, се вели во информацијата објавена на Македонска берза.

Понатаму во инфромацијата се додава дека Алта Груп, „во Барањето за запирање на постапката истакнал дека останува при намерата за преземање на Стопанска банка а.д. Битола, односно не се откажал од намерата за преземање на Стопанска банка а.д. Битола, туку само врши промена на преземачот во рамките на истата групација“.

Карактеристично е што КХВ и покрај тоа што одлуката за запирање на постапката ја донела на седницата одржана на 19 август 2025 година, во соопштението од таа седница не се спомнуваат ниту Алта Груп ниту Стопанска банка Битола.

Неколку дена претходно, на 21 август, на берзата беше објавена уште една чувствителна информација за Стопанска банка Битола, во која се обелодени дека членовите на Управниот одбор на битолската банка биле информирани дека Алта Банка АД Белград, членка на Алта Груп има намера да даде понуда за преземање до 100 отсто од обичните акции со право на глас. Како што се додава во оваа информација, српската банка сака да понуди износ од 3.777 денари по акција, или околу 24 милиони евра за битолската банка.

Со истото известување е најавено дека Алта Груп ќе поднесе барање за дозвола за понуда за преземање до Комисијата за хартии од вредност откако ќе добие одобрение од релевантните институции во Србија (Странско одобрение) и согласност од домашните тела и институции. Имајќи предвид дека вчера групацијата побарала запирање на постапката по поднесеното барање за дозвола за понуда, може да се претпостави дека сите потребни барања од српските и од македонските институции, како на пример Народната банка на Република Северна Македонија и Комисијата за заштита на конкуренцијата, Алта Груп веќе ги има добиено.

Во мај годинава, и македонската Комисија за заштита на конкуренцијата објави дека добила известување оти Алта Груп сака да стане мнозински сопственик и да стекне контрола над Стопанска банка Битола.

Еден од поглемите акциониери во Стопанска банка Битола е бизнисменот Орце Камчев, кој исто така е сопственик, покрај другото, и на приватната болница Аџибадем Систина во Скопје. Најголем уддел во акциите на банката, речиси 22 отсто, има Пелистерка заедно со фирмата ТИМОХ. Цената на акцијата на банката во последниот еден месец изнесува 3.230 денари. Во првата половина на 2025 година, Стопанска банка Битола остварила добивка од 33,6 милиони денари или околу половина милион евра додека во 2024 година добивката изнесува 163,1 милиони денари или 2,6 милиони евра.

Што се однесува до сопственикот на Алта Груп, српските медиуми пишуваат дека станува збор за Давор Мацура, за кого неделникот „Радар“ на 31 јули годинава објави текст со наслов „Понапреден и од напредњаците“. Според „Радар“, неговите бизнис успеси растат со доаѓањето на власт на Српската напредна партија на Александар Вучиќ. Интересно е што според новиот договор на банката со српското Електростопанство (ЕПС), граѓаните на Белград ќе треба сметките за струја да ги плаќаат на банкарската сметка на ЕПС токму во Алта Банка.

Извор: Мета.мк

Tags: Алта ГрупСтопанска Банка Битола
Next Post

Украина го осуди незаконското вклучување на пристаништата Бердјанск и Мариупол во пописот на руски пристаништа

НАЈНОВО

Мерц: Путин користи „стратегија на одложување“ за да избегне состанок со Зеленски

August 26, 2025

Изборниот молк како гаранција за избирачкото право, што е што во изборен контекст

August 26, 2025

Европските зелени: Режимот на Вучиќ целосно влезе во автократски модел

August 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото илустрација, генерирано со ВИ

    Николоски: Правилата за патување на македонските граѓани во ЕУ одложени за следната година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Режимот во Мициленд за само неколку дена испорача две опасни тези

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Побогат од било кога: Како Трамп заработува од Белата куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk