Изборниот молк е период пред денот на гласање кога на политичките партии, кандидатите, медиумите и сите други актери им е забрането да водат кампања или да објавуваат изборни пораки.
Целта е гласачите да имаат време за мирно размислување и носење одлука, без притисоци и манипулации во последен момент.
Во пракса тоа значи:
нема предизборни реклами и спотови,
нема митинзи и јавни настапи,
медиумите не смеат да објавуваат анкети или изјави со изборна содржина,
забранета е и кампања на социјалните мрежи.
Единствено е дозволено неутрално информирање – како тек на изборниот процес, кога гласаат лидерите и слично, без политички пораки.
Точно на полноќ, меѓу петок и сабота, односно меѓу 17 и 18 октомври настапува избнорниот молк кој ќе трае до 19 часот на 19 октомври кога завршува гласањето за првиот круг на локалните избори. Доколку има втор круг, молокот настапува на полноќ на 31 октомври и завршува во 19 часот на 2 ноември со затворање на гласачките места.
Прекршување на изборниот молк
Според Изборниот законик, член 76-Б, за прекршување на изборниот молк се смета емитување на какви било информации, фотографии, аудио и визуелни материјали поврзани со сите што учествуваат во изборите.
Понатаму, кршење на изборниот молк се и сите облици на медиумско известување кои се отворено или прикриено во функција на нечија изборна кампања и можат да влијаат врз одлуката на избирачите
Не е дозволено изнесување податоци со кои се открива идентитетот на политичките субјекти или на поединци вклучени во инциденти или други неправилности на денот на гласањето, како и изјави од кандидати во изборниот процес, од учесниците во изборна кампања, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта.
Како да го контактирате ЦИВИЛ?
📧 monitoring.civil@gmail.com
💬 Инбокс: facebook.com/civil.mk
Вашиот глас има моќ. Искористете ја!
Извор: Цивил Медиа