Пишува: АЦО ЛУКАРОСКИ
Прочитав дека следува уште едно, ново задолжување на државата.
Па ми текна дека пред изборите во 2016 година, некои тврдеа дека всушност би било подобро за СДСМ да изгуби. Образложението беше дека државната каса е празна, долговите се огромни и во такви услови би било опасно и ризично да се владее. Сепак, на СДСМ му успеа да ги стабилизира финансиите на земјата. Го консолидираа пензискиот фонд, платите почнаа да растат и ги излечија раните од дивеењето на Груевски.
Многу години пред тоа, и поранешниот министер за финансии Никола Поповски направи нешто слично, санирајќи ја празната државна каса во периодот по Љубчо Георгиевски.
Ама сега, со тотално забеганото и имбецилно задолжување на Мицкоски, се плашам дека дури и на Светската банка, ЕБРД и ММФ заедно ќе им биде тешко да ја спасат Македонија.
Она што е најтрагично е што на гласачите им влезе во навика да го казнуваат СДСМ. На нашиот електорат му недостасува капацитет да ги почитува фискалната одговорност и финансиската стабилизација. Наместо тоа, тие покажуваат повеќе почит кон Ќосето и кон Тодор Александров. И слушаат ветувања дека ќе се најде гробот на Александар Македонски. И цели 35 години дозволуваат да им се раскажуваат приказни дека некој ни ги краде јазикот и идентитетот.
Текстот е личен став на Авторот