ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ТРИЧКОВСКИ

Македонија со вмро е како проститутка на масажа во салонот на Мевосекот

September 6, 2025 10:09
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ТРИЧКОВСКИ, ФРОНТ
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Мицкоски рече дека неговата филозофија не е да урива.

Ако не ги сметаме уставот и законите, Македонија и нејзината граѓанска и национална супстанца.

Додавам јас.

Филозофијата на нашиот Шоп ен Хауер била да гради!

Најмногу сака да гради рејтинзи според моделот на неговиот другар од Белград кој цела година се клати и ќе падне, а може и да умре од што многу градеше.

На парадата во Пекинг му реков на Си да му прати табла како онаа што му ја подари на српскиот претседател и на која Вучиќ му ги црташе на заведениот народ сите небески успеси на Србија.

Од кои сега му ја прави политичката гилотина.

Истата филозофија ја сподели и Заев во врска со Скопје 2014. И тој рече дека нема да урива. Со таа „филозофија“ ја уби главната идеја на околностите и луѓето што се бореа против злото и го доведоа него на власт.

И кои по неколку години ќе го соборат.

И него и сдсм.

Грутката на поразот почна да се тркала од објавата на таа филозофија.

Уривањето на решетките околу владата немаше, се разбира, капацитет да го покрие идејното разидување и разбирање на стварноста, обратно, тој чин покажа дека тогашниот премиер не ја разбира димензијата на естетско-етичките односно општо национални и граѓански проблеми и темелни потреси што ги предизвика тој проекти и поради кои, всушност, беше граден.

Тоа несомнено беше клучна грешка која ја одреди динамиката и развојот на ситуацијата во Македонија.

Мицко, меѓутоа, дојде на власт со помош на дивоградби. Тие во главите на луѓето што беа изградени од градежната фирма на македонските телевизии и отровни портали, со доктринарната дивоградба со која ги урна регуларните зданија на македонскиот дух и на македонското граѓанство, со интелектуалните дивоградби од УКИМ и од другите сити молови за дипломи и докторати, кои му објаснуваа на народот дека во септичките јами што ги полнат комитскиот организам на Македонците и нивните војводи, има првокласен ајвар, со политичката дивоградба, со дивоградбата на вмреженоста со силите на деструкцијата и злото дома и во светот итн.

Мицкоски е дивоградба како што е дивоградба и вмро-дпмне. Во идејна смисла во која многу убаво се вклопува и изборниот процес како елементарна дивоградба.

Македонија се лизга кон дивоградба затоа што премиерот одбива да ги извади папирите што ги бара новото време: уставни промени, преговори со ЕУ и членство до 2030.

Македонците односно македонската нација под водство на дивите стануваат дива категорија.

Нерегуларна.

Вештачка.

Така што тој навистина нема да ги урива дивоградбите туку ќе го избрише дивото од нив.

И од себе.

Што ќе биде невозможна мисија.

Тој нема да падне поради оваа изјава туку ќе падне поради тоа што простата маса од која ја направи власта нема да може да ги покрива трошоците на неговото владеење.

Структурата на неговата власт ќе го собори ако претходно таа структура не си ја заврши задачата да ја урне Македонија.

Веројатно прво ќе почекаат да се искачиме на првото место во Европа по порастот на џидипито.

И на куповната моќ на високите плати.

Да нѐ напумпаат со гордост за да можеме да пукнеме од радост.

Но, нацијата е пожилава од дивоградбите.

Во ситуација во каква вмро ја води Македонија 35 години, значи и кога е власт и кога е опозиција, клучно е да се разбие сѐ и да се создаде чувство на загрозеност.

Знаењето и уметноста не постојат поради смирување на душата туку да доведат до состојба на треперење и напнатост.

Во Македонија единствената константа е чувството на загрозеност, но загрозеност од Бугарија, од Албанците, од Европската унија, од Грција, од Србија и српскиот свет.

Тоа се коперфилдски трикови кои на Македонците им овозможуваат да не се соочат со единствената вистинска и отровна и смртоносна загроза која доаѓа од вмро.

Да, другари, ние сме загрозени од себе, од својата конституција, историска и политичка.

Македонија со вмро е како проститутка на масажа во салонот на Мевосекот.

Спремете се за времето кога повторно ќе биде откриен поединечниот човек.

Исчистете го своето досие од учеството во масата на вморонското освињување.

Појдете на пластичен хирург да ви ја дотера муцката, да ви го ампутира сврдлестото опавче и да ве исправи на задните две нозе со по пет прста на дланките.

Времето на оваа срање поминува, но многу е важно кога и на која станица ќе се качите во возот на новото време.

Не верувам дека сѐ ќе можете да избришете и скриете или поправите, но напорот што ќе го вложите и тајмингот на отклонот од злото, ќе биде олеснителна, можеби и ослободителна околност за вас.

Слушајте го чичко Тричко и уживајте!


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.
Next Post

Повикот на ЦИВИЛ за краткорочни или долгорочни изборни набљудувачи е во тек, крајниот рок за пријавување е 15 септември

Shortcut

Најново

Љутков и Перински од Струмица: Секоја нова инвестиција значи нова можност за локален, културен и туристички развој  

June 17, 2026

Филипче за Преспанскиот договор: Храбрите политики ја внесоа Македонија во НАТО, кукавичките ја држат сега во место

June 17, 2026

Сторијата „Женското е туѓа фамилија“ на Лени Фрчкоска и Марта Стевковска наградена со „Гласник на невидливите“

June 17, 2026

ВЛЕН: „One Stop Shop“ со Албанија ги зајакнува економските, туристичките и семејните врски

June 17, 2026

СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

June 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Турските граѓански организации целосно изоставени од програмата за финансиска поддршка на Министерството за односи меѓу заедниците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk