ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Според Мицкоски не биле алармантни параметрите на штетни честички во Скопје:Тоа е визуелно така

September 10, 2025 17:38
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Депонијата „Вардариште“ не ја создаде оваа Влада во изминатите 15 месеци. Тоа е создавано 35 години, а може и повеќе, ама ние ќе го решиме. Ќе ја средиме и депонијата „Дрисла“, ќе ја спакуваме и ќе личи на модерна европска депонија со фабрика, која ќе произведува енергија и ќе го произведува, складира и рециклира отпадот. Тоа го вети денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Општина Гази Баба, каде изврши увид во градежни активности на неколку проекти.

Тоа, нагласи, ќе биде јавно приватно партнерство, со јавен тендер и јасни критериуми.

– И еве уште од сега ви кажувам, повторно ќе има некои невладини, кои што ќе бидат против. Но мора да се издржи. Во животот неможат идеални работи мора да се борите. Борете се за она во што верувате. Јас верувам дека е ова исправно и ќе се борам, рече Мицкоски.

Оваа Влада, подвлече премиерот, за првпат ги уапси оние кои нелегално топат кабли во „Вардариште“ за да извадат бакар за да го продаваат. Очекува надминување на проблемот со палењето на депониите по денешниот кординативен состанок.

-Не постои ад хок решение. Метанот кој што зрачи се пали со еден отпушок. Не треба многу да си креативен или диверзант, само со еден отпушок се пали и тоа ни го прават секој ден, рече Мицкоски осврнувајќи се на проблемот со кој деновиве се соочуваат скопјани.

Според него, не биле алармантни параметрите на штетни честитчки кои би го загрозиле здравјето на граѓаните.

– Нема зголемени такви параметри кои што се алармантни. Тоа е визуелно така, но кога се испитувани параметрите не се така алармантни. Но лошо е тоа да се прави. И ќе се прави и има причина зошто се прави. Затоа го поставив прашањето на кој му одговара да се случува сега? Кога ќе дадете одговор на ова прашање ќе ви стане јасно кој и зошто тоа го прави, рече Мицкоски.

Тој забележа дека при секој обид за решавање на проблемот со депониите и изградба на регионални центри за складирање и преработка на отпадот се појавувале невладини организации и политичари кои реагирале зошто баш кај нив да се гради таков капацитет.

– Сите велиме не сакаме отпад, но отпад создаваме. Тој отпад треба негде да се одлага. Таму каде што треба да се одлага прво имаме невладини кои коментираат зошто баш кај нас да се одлага. Имаме политичари кои што мислат дека на дневна основа ќе добијат некој политички поен па ќе напаѓаат зошто баш кај нас да се одлага. Имаме трета група луѓе кои се што ќе направи Владата велат нечини, а тоа е во суштина работа која е наследена од минатото, истакна Мицкоски.

Како пример го посочи проектот за изградба на фабрика за отпад во близина на Свети Николе, одлука донесена пред повеќе од една деценија.

-Парите се обезбедени и ги обезбедува Европската комисија со квалитет и услови како во Европа. Или попрецизно како што е депонијата во центарот на Виена, таква ќе биде и оваа. Повторно имаше некој кој имаше против. Иста таква депонија е предвидена во Југозападниот  регион во Новаци, во стариот коп на РЕК Битола, повторно имавме структура на луѓе кои велеа не ова нечини. Имаме една таква во Гостивар за Полошкот регион. Кога би се формирале овие легални депонии со фабрики за отпад, кои може да користат и за производство на електрична енергија, ние нема да имаме отпад, нагласи премиерот.

Next Post

Шукова: Тешка манипулација е дека Вардариште може да се направи парк

Најново

Анаис, хороскоп, Македонија, Скопје, стара железничка

Дневен хороскоп со Анаис – 28 април: Продлабочување на ефикасноста и зацврстување на здравите навики

April 27, 2026

Вајц вели земјава не постигнала никаков напредок во реформите во последната година, според Мицкоски нема таков извештај од ЕУ

April 27, 2026
Форо: Скриншот, видео Ројтерс на ФБ

NBC News со анализа за теориите на заговор по нападот во Вашингтон

April 27, 2026

ССМ со петта Синдикална академија: Зајакнување на работничката борба во пресрет на големиот јубилеј

April 27, 2026
Брифинг на Венка Филипче

Филипче: Никогаш и никаде не кажавме дека ќе го напуштиме Собранието, тоа е само спин на премиерот

April 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk