ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ZOOM IN

Жестока реторика и меѓусебни обвинувања: Се заоструваат изборните судири меѓу партиите на Албанците во Чаир и Тетово

September 12, 2025 12:47
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Изет Меџити и Бујар Османи во Чаир со остри пораки и услови за политички морал, додека во Тетово Бајрам Реџепи и Биљал Касами се судираат околу изградбата на еден од најважните булевари

Пред-изборната кампања за локалните избори во октомври влегува во фаза на засилени судири, каде што кандидатите на коалицијата ВЛЕН и Алијансата за национална интеграција (АНИ) предводена од ДУИ си разменуваат жестоки обвинувања и политички предизвици.

Во Чаир, кандидатот на АНИ, Бујар Османи, го обвини својот противкандидат од ВЛЕН, Изет Меџити, дека никогаш искрено не го доживеал Чаир како свој дом, туку како средство за добивање високи позиции во Владата. Османи предложи „нотаријална спогодба“ – ветување дека нема да ја напушти функцијата градоначалник, без разлика на понуди за министерска фотелја, сè додека не биде сменет со глас на граѓаните.

– Истото нека го потпише и Меџити: ако изгуби, веднаш да поднесе оставка. Тоа е прашање на политички морал, порача Османи, наведувајќи примери од минатото кога Теута Арифи, Невзат Бејта и Зеќирија Ибраими се откажале од државни функции за да се кандидираат за локални избори.

Од другата страна, Изет Меџити возврати со силна критика, нарекувајќи го Османи „човек на Соравиа“ и „министер кој оди во Будимпешта за да го врати Груевски“.

– Разликата е јасна – јас ја оставив Владата за Чаир, а тој го користи Чаир како чекорница за лични позиции, изјави Меџити на отворањето на изборниот штаб.

Тој најави големи образовни инвестиции, меѓу кои изградба на две нови основни училишта.

– Не сакаме веќе Чаир да биде заглавен во канализации и јасли, туку да зборуваме за универзитетски кампуси и квалитетно образование, додаде тој, ветувајќи вложувања од 30 милиони евра за универзитетски кампус.

Слична конфронтација се случува и во Тетово. Кандидатот на АНИ, Бајрам Реџепи, го обвини актуелниот градоначалник и кандидат на ВЛЕН, Биљал Касами, дека го гради булеварот „Борис Кидрич“ без дозвола и спротивно на стандардите.

– Станува збор за кривично дело според член 244-А од Кривичниот законик, со казна затвор од 3 до 8 години, изјави Реџепи, повикувајќи ја Јавното обвинителство да отвори истрага.

Од кабинетот на Касами реагираа остро, доставувајќи документи дека постои градежна дозвола и дека сите процедури се почитувани.

– Ова е обид на кандидатот Реџепи да покрие сопствена празна програма. Тој шета по улиците само за да биде присутен во медиумите. Ќе поднесеме тужба за клевета ако не се извини јавно, порачаа од општината.

Судирите во Чаир и Тетово се сметаат за клучни тестови за поддршката меѓу ВЛЕН и АНИ (ДУИ), особено што двете страни меѓусебно се обвинуват за „измени на имиња на коалиции“, „масовни префрлања на членови“ и „корупциски практики“.

Според аналитичарите, ваквите јавни конфронтации ја потврдуваат високата политичка влоговност на албанските партии на локално ниво, а граѓаните ќе одлучат на 19 октомври кој од кандидатите ќе ја добие довербата.

Дестан Јонузи

Tags: ВЛЕНДУИЛокални избори 2025СкопјеТетовоЧаир
Next Post

Поранешните директори на Онкологија обвинети дека работеле за личен интерес, а не за пациенти

Shortcut

Најново

Судот одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и уште три лица

June 4, 2026

Мицкоски ја има третата власт на speed dial

June 4, 2026
Анаис. Мотив. Скопје

Дневен хороскоп со Анаис за 4 јуни 2026: Прогресивни идеи и колективен баланс

June 3, 2026

Формиран Регионален хаб за спортска дипломатија: МОК го става спортот во функција на развојот, инвестициите и регионалната соработка во Западен Балкан

June 3, 2026

Началникот на Генералштабот на Армијата учествуваше на 19-тата Конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји во Република Грција

June 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 28 мај 2026: Финализирање на стратегиите и ментално ослободување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk