ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Котески и Лабудовиќ со ветувања за работа во интерес на граѓаните на Центар и на Град Скопје

September 13, 2025 14:00
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ветувања за почист град Скопје и општина Центар, нивен развој и работа во интерес на граѓаните, а не за лични и партиски интереси денеска дадоа Мирослав Лабудовиќ, кандидат за градоначалник на Општина Центар и генерал Горанчо Котески, носител на Советничката листа на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија за Град Скопје.

– Во нашата работа како советници и советничка група во Градот Скопје и во општините на град Скопје ќе се раководиме со две платформи, првата – чесност, одговорност и транспарентност во нашата работа во интерес на граѓаните, а не за лични и партиски интереси. Втората платформа е да градиме единство меѓу советниците и советничките групи од другите партии кои треба да го поддржат она што е позитивно и во интерес на граѓаните, а не да прават блокади кои се кршат преку грбот на народот, рече Котески во изјавата по поднесување на кандидатската листа на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија за советот на Град Скопје.

Најави дека во деновите што следат ќе ја изложат нивната програма, која, како што рече, е реална, содржајна и остварлива.

-Со мене на советничката листа за Град Скопје стојат луѓе со интегритет, познати во своите области, луѓе кои се приклучуваат првпат во политиката и во партијата, луѓе кои си го сакаат своето Скопје и своите општини. Пред вас стои човек со интегритет со професионално животно искуство, со лојалност која ја дожал и во мир и војна и во Македонија и надвор од Македонија, потенцира Котески.

Тој ја побара поддршката од Скопје и за подобро, почисто и поорганизирано Скопје, ветувајќи дека нема да бидат политичќки кукли во советничките клупи туку борци за остварување на интересите на граѓаните.

Мирослав Лабудовиќ вели дека на Центар му треба системско решенија, хигиена, рамномерен урбан и одржлив развој.

-Затоа ја поднесувам кандидатурата за кандидат за градоначалник на Општина Центар со поддршка на ЗНАМ Движење за Македонија и голема поддршка од ВМРО ДПМНЕ, рече тој.

Додаде дека веќе е започната комуникацијата со локалниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и за изработка на програмата.

-Тоа што ќе следува се интензивни средби со граѓаните каде ќе ги чуеме нивните проблеми, а решенијата ќе ги преточиме во нашата програма. Таа ќе биде со реален импулс кој ќе го дадеме и ќе го предочиме пред центарци, бидејќи тие знаат што им треба. Ќе дадеме програма која ќе може да се реализира во мандат од четири години, мандат во кој таа општина ќе стане одржлива, порача Лабудовиќ.

Тој потенцира оти даваат приоритет на безбедноста, не само во сообраќајот, туку и во училиштата, во домувањето, и кај децата, а големо внимание, како што рече, ќе обрнат внимание на оние на кои Општината најмногу им е потребна – маргинализираните групи, лицата со посебни потреби, децата и пензионерите.

Хигиената, потенцира, е на прво место, ветувајќи дека во првите 100 дена Центар ќе биде исчистен и оти оттука ќе се одржува чистотата. Најави дека особен фокус ќе се дава на зеленилото и човековата околина.

Next Post

Прв водич за перименопауза, апел да се споделуваат симптомите со лекарите

НАЈНОВО

Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот

Кос: За напредок во проширувањето потребна е трајна трансформација на економиите и општествата на земјите кандидатки за членство

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk