ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Утврден редоследот на листите на кандидати на гласачко ливче за локалните избори

September 24, 2025 17:45
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Државната изборна комисија (ДИК) денеска ја одржува 137-та седница на која со жрепка се утврдува единствена листа на кандидати за локалните избори 2025, во три дела, за парламентарни политички партии и коалиции, од 1 до 9, за партии и коалиции кои не се дел од парламентарниот состав од 10 до 33 и за група избирачки од 34 до 153. Влечењето се одвиваше по азбучен редослед.

Претставници од парламентарните политички партии, коалиции учествуваа на жрепката по азбучен редослед. Прва на гласачкото ливче од партиите и коалициите ќе биде Искуство за успех, под број два Движење ЗНАМ, За наша Македонија, трета Демократска Партија на Србите во Македонија ДПСМ, четврта Национална алијанса за интеграција- НАИ-ДУИ, петта е Коалиција за локални избори 2025-СДСМ, шеста Левица, седма Коалиција ВЛЕН, осма Коалиција -За зелена иднина, а девета е Коалиција-Твоја Македонија-ВМРО ДПМНЕ.

– На дневен ред е одржување на жрепка за утврдување на редоследот на листите на кандидати на гласачко ливче за локалните избори согласно изборниот закон и согласно од изборниот законик. ДИК на јавна седница го утврдува редоследот на кандидати на гласачко ливче за избори на членови на совет на општини членови на совет на град Скопје и градоначалник на општини градоначалник на град Скопје редоследот на листите на кандидати на политички партии и коалиции согласно член 68 став три на гласачкото ливче се утврдува со ждрепка и тој број е ист во секоја општина, а во општината каде што нема да има свои претставник, соодветниот број на подносителот на листата ќе биде изоставен додека на негова место ќе биде напишан редниот број на наредниот носител без оставање на празно место, објасни претседателот на ДИК, Борис Кондарко.

Кандидатите предложени од коалицијата предводена од една иста политичка партија без разлика на бројот на политичките партии во коалицијата во различни општини ќе имаат ист реден број во сите општини укажаа од ДИК, додавајќи дека општинските изборни комисии на седница претходно ги потврдиле листите на кандидати кои ќе учествуваат на изборите, совети, членови на членови на совет на општина и членови на совет на град Скопје градоначалник на општини градоначалник на град Скопје.

На седницата беа извлечени жрепки од 10 до 33 за подносители на листи на политички партии кои не се дел од парламентарниот состав.

Бошњачки Демократски Сојуз го извлече бројот-18, ВМРО Народна Партија-ВМРО НП-21, Движење за национално единство на Турците ДНЕТ-23, Демократи Скопје-29, Демократска Партија на Ромите-10, Демократска партија на Турците во Македонија ДПТМ-14, Демократски Сили на Ромите-24, Демократски Сојуз-19, Единствена Македонија-12, МААК-28, Македонска Ера трета/Македонски независни листи/суверенисти-32, Партија за движење на Турците во Македонија-15, Партијата за обединети демократи на Македонија ПОДЕМ-26, Партија на пензионери-13, Граѓанска иницијатива ГРИН-25, Десница-31, Македонски концепт-22, Работничка партија-20, Родина Македонија-30, Сојуз на Роми-11, Српска странка во Македонија-16, ТВОЈА партија-27, Трајно македонско радикално обединување-33, Унија на Роми-17.

Во третиот дел беше влечењето жрепка за подносители на листа група избирачи  за кандидати за  градоначалници и кандидати за носители на листа за членови на совет од 34 до 153.

Претходно на седницата на ДИК, беше извршена и жрепка за распределба на рекламни паноа и билборди за локалните избори 2025. Вкупно 17 правни лица доставиле понуди за политичко рекламирање на паноа и билборди.

– Државната изборна комисија направи извештаи на досега примени понуди за рекламни паноа и билборди врз основа член 78  од изборниот законик за локалните избори до државната изборна комисија се пристигнати понуди од 17 понудувачи, рече Кондарко, по што следуваше извлекување.

Изборната кампања за изборите започнува в понеделник на 29 септември а завршува на 17 октомври односно 24 часа пред изборите. Граѓаните ќе избираат градоначалници и совети на 19 октомври. Вториот круг на изборите ќе се одржи на 2 ноември.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

ИФФК „Браќа Манаки“ ја врачи наградата Златна камера 300 за животно дело на Дариус Конџи

НАЈНОВО

Ердоган: Постигнавме „заедничко разбирање“ со Трамп за примирје и траен мир во Газа

September 26, 2025
Фото илустрација, генерирано со ВИ

Трамп: Блиску сме до договор за Газа, крај на војната и враќање на заложниците

September 26, 2025
Фото: Фејсбук на Марија Андоновска

СДСМ: Скринингот кој го побаравме за Трубарево покажа дека граѓаните се труеле, кој ќе поднесе одговорност

September 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Резолуцијата на СДСМ – шанса за деполаризација или нова алатка за дневна политика?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Група од 25 водечки тенисери во светот бараат поголем „колач“ од Гренд слем турнирите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РУСКО ПИСМО: „Мајдан“ како закана – кремљовско предупредување до Белград и Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Астронаутите на „Артемис 2“ го именуваа „Integrity“ – вселенското летало што ќе ги лета околу Месечината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Драматичен протест во ОН: Делегати ја напуштија салата за време на говорот на Нетанјаху

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk