ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Димитриеска-Кочоска: Економскиот раст денес го носи приватниот сектор, по години пад имаме позитивни трендови во градежништвото и земјоделството

September 25, 2025 08:40
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Економските показатели во одредени сектори конечно покажуваат позитивни резултати. Ме радува тоа што после долго време податоците за Бруто домашниот производ (БДП) покажуваат дека приватниот сектор е главниот двигател на економскиот раст во нашата земја, со особено значајно учество на градежништвото и земјоделството. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостувањето во Бизнис 21 на ТВ21, нагласувајќи дека растот денес не зависи од јавната потрошувачка, туку од активностите и инвестициите на приватните компании.

– Она што посебно ме радува и охрабрува е фактот дека приватниот сектор создава нови можности, инвестира во развој и ја стимулира продуктивноста на економијата. Градежништвото бележи забележителен раст, кој директно влијае на инфраструктурниот развој, а земјоделството, после долги години негативни резултати, покажува позитивна динамика два последователни квартали. Ова јасно покажува дека сме на правилната патека и дека остваруваме резултати согласно она што како влада сме го планирале, кажа министерката.

Таа додаде дека, и покрај предизвиците во јавниот сектор и пазарните ограничувања, приватните компании продолжуваат да ја стимулираат економијата, придонесувајќи за стабилноста и одржливоста на Бруто домашниот производ.

– Особено ме радува што растот сега го генерира приватниот сектор, кој е моторот на економијата, а не јавната потрошувачка, како што тоа беше случај во минатото, нагласи Димитриеска-Кочоска.

Министерката истакна дека Владата останува посветена на создавање услови за понатамошен развој на приватниот сектор.

– Ќе продолжиме да поттикнуваме бизнис средина, да вложуваме во инвестиции, иновации и нови работни места и да ја одржуваме фискалната дисциплина. Приватниот сектор, особено градежништвото и земјоделството, покажуваат дека се основниот двигател на економскиот раст и ние ќе продолжиме да ги поддржуваме со конкретни мерки и стратегии. Очекуваме дека оваа позитивна динамика ќе продолжи и во следните квартали, а Владата ќе остане фокусирана на зацврстување на економските основи, поддршка на бизнисите и создавање поволна клима за инвестирање, вели Димитриеска-Кочоска.

Таа подвлече дека овие податоци за приватниот сектор се поттикнати и од поддршката која ја добија компаниите од унгарскиот кредит кој се реализира преку Развојната банка.

Next Post

Сиљановска - Давкова: Гутереш изрази целосна поддршка и солидарност со нас, на средбата со Калас укажав на двојните стандарди на ЕУ

Најново

Комисијата за култура на СДСМ: Изјавата на Љутков е празен маркетинг за прикривање на хаосот во културата и нападот врз Колективниот договор

May 11, 2026

Филипче: Пропагандата на ВМРО ја обвинува ЕУ за сопствениот дебакл со реформите

May 11, 2026

Дуа Липа ги тужи Самсунг за 15 милиони долари

May 11, 2026
Фото: МОБ

Македонската опера и балет ги отвори 54. Мајски оперски вечери

May 11, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Изгубени се две години, рокот за дел од Коридор 8 се продолжува најмалку до 2029

May 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk